Нејмар е во самоизолација во луксузна вила во Бразил (ВИДЕО)

Пред две години, Нејмар од Барселона замина во ПСЖ за 222 милиони евра, што е најскапиот трансфер во фудбалската историја, кој досега не е надминат.

Пред тоа, додека играше за Барселона, тој купи неверојатен имот во Рио де Жанеиро, а сега ужива со блиските пријатели и семејство во него среде пандемија на коронавирус.

На имотот од 12.000 квадратни метри, Нејмар има апсолутно сè што ќе посака. Луксузот е на секој агол на куќата и има два терени за тенис и одбојка.

Нејмар со себе ги донесе сите што беа со него во Париз. Сите мораа да се стават во карантин по пристигнувањето во Бразил, па тој понуди да останат со него.

Нејмар плати повеќе од 8 милиони долари на оваа вила во 2016 година, а сега кога може да се претстави како куќата на Нејмар, вреди уште повеќе.

притисни ентер