Неизвесно дали и кога Заев ќе разговара со Ципрас

Останува неизвесно дали и кога македонскиот премиер Зоран Заев ќе се слушне со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

Дали како што беше најавувано може да се дојде до решение за спорот и нивна средба во Преспа, откако неименуван преставник на грчката Влада изјавил дека „по се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името, коментира претставник на грчката Влада“.

Според истиот владин претставник чија изјава ја пренесе грчката агенција АНА-МПА се оддлечува и можноста за телефонски разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

- ПЈРМ очигледно сe уште не е подготвена да се одговори на она што беше договорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Според тоа можноста за договор во текот на следните денови се чини дека се оддалечува, рекол претставникот на грчката влада.

По ова македонската Влада повика на одговорно политичко однесување на двете страни.

- Во овие моменти не треба да се подлегнува на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, изјавија за МИА од Владата, како одговор во врска со коментарот на грчкиот владин претставник.

Премиерот Заев, вчера во македонското Собрание побара од опозицијата да не шпекулира за разговорите за името

- Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата дека со своите дискусии можат да направат непоправлива штета во процесот за решавање на спорот за името.

Вчера претседателот Ѓорге Иванов побара од премиерот Зоран Заев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

- Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Иванов останува на ставот дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.

Последните случувања на релација Скопје - Атина, постојано се во фокусот на медиумите во Грција, а новинарите прогнозираат, повикувајќи се на свои извори дека „Република Северна Македонија“ е името кое што е во предност во однос на останатите предлози на медијаторот („Република Нова Македонија“, „Република Горна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“ – предлог одбиен од грчката страна).

Сепак, исто како и од македонска, така и од грчка страна нема официјална потврда кое е името за кое што се согласиле двете земји./МИА

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер во Франција играјќи надвор од државата во изборот на Унијата на фудбалери и тренери на Франција.

Во борбата за наградата, напаѓачот ги победи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени (двајцата од Реал Мадрид), Мајк Мењан (Милан) и Вилијам Салиба (Арсенал).

Во 2016 година, 33-годишниот Гризман за прв пат ја доби оваа награда.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 45 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања, постигна 21 гол и креира осум асистенции.

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови, објави „Комерсант“.

Американски државјанин е во 10-дневен притвор што го одреди рускиот суд поради тоа што кажал непристојни зборови при полициски претрес во неговиот стан, објави денеска весникот „Комерсант“.

Обвинителите соопштија дека американскиот државјанин е 36-годишниот Анџело Џозеф Таларико. Тој на англиски јазик ги пцуел полицајците кои пристигнале во станот на неговата сопруга во Москва за да го претресат како дел од истрагата за кражба на биткоини во регионот Мурманск, објави „Комерсант“.

Во полицискиот извештај се вели дека Американецот, кој се преселил во Русија од Лос Анџелес, им викал на полицајците и употребил два различни збора „чија смисла тие ја разбрале“, пишува весникот.

Американецот негирал дека сторил административен прекршок за ситно хулиганство и употреба на непристојни зборови на јавно место. Тој беше приведен во Москва, судот го прогласи за виновен и му одреди 10-дневен притвор, додава „Комерсант“.

Адвокатот на Американецот ги отфрли обвинувањата дека неговиот клиент пцуе и посочи дека тој и неговата сопруга биле во кујната на станот за време на претресот.

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ.

Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат.

притисни ентер