Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
1Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЕвропаНеформална средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветена на мировниот план за УкраинаНајновиот мировен план за Украина е тема на денешниот онлајн неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.Во најавата за состанокот се посочува дека се очекува министрите да разговараат за „најновите случувања во контекст на позитивниот нов моментум во напорите за постигнување мир во Украина, по интензивните консултации на високо ниво на Г20, во Женева и за време на неодамнешниот Самит на ЕУ и Африканската унија“. На маргините на Самитот ЕУ-АУ во Луанда во понеделникот се одржа неформална средба во хибриден формат, во живо и онлајн, на шефовите на држави или влади на членките на Унијата посветена на „најновите случувања во врска со напорите за постигнување мир за Украина“, на која присуствуваа и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. По состанокот Кошта порача дека единствената и координирана позиција на ЕУ е клучна за обезбедување „добар исход“ од мировните преговори, и за Украина, и за Европа. Лидерите на ЕУ ги поздравија „конструктивните дискусии“ меѓу американски и украински претставници што се одржаа викендов во Женева и напорите на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски и нивните тимови, оценувајќи дека постои нов моментум во мировните преговори. Европските лидери посочија и дека ЕУ мора целосно да биде вклучена во решавањето на прашањата кои директно ја засегаат, како што се санкциите, проширувањето или замрзнатите руски средства и дека никакви одлуки за тие прашања не може да се носат без Унијата. Подготвени сме да продолжиме да го поддржуваме овој процес со заедничка работа во рамките на ЕУ и во тесна координација со Украина, САД и НАТО. Она што е важно сега, е да продолжиме напред како партнери обединети околу нашата заедничка цел: да запре оваа војна, да се спречи убивањето луѓе и да прекине воената агресија врз Украина и да обезбедиме, праведен и траен мир за украинскиот народ, рече Кошта. Лидерите порачаа и дека ЕУ е посветена да продолжи да му ја дава на Зеленски сета потребна дипломатска, воена, економска и финансиска поддршка. - Мирот не може да биде привремено примирје, тој мора да биде трајно решение. Украина ја избра Европа и Европа ќе застане до Украина, потенцира Кошта по средбата. Фон дер Лајен, пак, оцени дека во Женева е постигнат „добар напредок“ во преговорите за праведен и траен мир во Украина, благодарение на „ефикасното и координирано европско ангажирање, како и силното присуство на ЕУ“. - Иако останува да се направат уште некои работи, сега постои солидна основа за движење напред, рече Фон дер Лајен, додавајќи де европските лидери на состанокот биле единствени во поддршката на Украина и заложбите дека мора да се почитуваат украинските територија и суверенитет и дека како земјата може да донесува одлуки во врска со своите вооружени сили.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаПетрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупцијаСо скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието. Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook