Недостигот на чипови е огромен проблем, првиот човек на Мерцедес најави кога ќе се реши - Канал 5

Недостигот на чипови е огромен проблем, првиот човек на Мерцедес најави кога ќе се реши

Недостатокот на чипови што предизвика големи прекини во светското производство на автомобили може да се прошири до 2022 година, па дури и до 2023 година.

Недостигот на чипови е огромен проблем, првиот човек на Мерцедес најави кога ќе се реши

Ова е предупредувањето на шефот на германскиот производител на луксузни автомобили Дајмлер во интервју за британските медиуми.

Ковид-19 ја тестира подготвеноста на автомобилската индустрија за неповолни услови во бизнисот и открива дека компаниите треба темелно да ги анализираат своите синџири на снабдување, рече претседателот на управниот одбор на Дајмлер, Оле Каелениус.

Ќе извлечеме поука од тој тест и ќе ги анализираме основните елементи на синџирот на снабдување уште подлабоко за да го направиме нашиот систем поотпорен, објаснил Каелениус.

Понудата на полупроводнички чипови не ја задоволува побарувачката во голем број индустриски сектори, вклучително и автомобилската индустрија, која што брзо закрепна од кризата со корона, потсетува Би -Би -Си.

Фабриките во Малезија се затворени поради недостаток што „значително ќе влијае на производството и продажбата во третиот квартал“, рече Каелениус, прв човек на Мерцедес-Бенц, за Би-Би-Си на Меѓународниот саем за мобилност во Минхен.

„Производителите на чипови велат дека, гледано од структурна перспектива, оваа ситуација ќе продолжи до 2022 година, а потоа ситуацијата постепено ќе се подобрува“, додаде тој.

Тоа значи дека недостатокот може да се продолжи до 2023 година, но „се надевам дека нема да биде толку сериозен како што беше во изминатите неколку месеци“, истакнал шефот на германската компанија.

Членот на одборот на германскиот снабдувач на делови и системи за автомобилската индустрија Бош, Харалд Крогер посочува дека главната причина за проблемите во понудата на пазарот на автомобили е „драматичниот“ раст на побарувачката, што, според него, е добра вест за автомобилската индустрија.

"Пред само една година, бевме во мрачна ера на корона, продажбата паѓаше и никој не очекуваше дека пазарот на автомобили ќе закрепне толку брзо. Сега дефинитивно се обидуваме брзо да ја исполниме таа побарувачка", истакнува Крогер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Почина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. 

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска.

На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње.

Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Честитка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

„Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина.

Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани.

Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот.

На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата.

Нека е вечна Македонија!

Честит Ден на Армијата!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана.

Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер