Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
1 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ХороскопНеделен хороскоп за 16.- 23. јануари 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 16.-23. јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата. – Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат. За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените. – Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ. За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано. – Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца. Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите. -Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“. Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот. -Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок. Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи. Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад. Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември. Тагови: Пожарот во Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со британската амбасадорка СивагнанамПродлабочување на стратешкото партнерство и полициската соработка со Обединетото Кралство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивагнанам, на која беше потврдена одличната досегашна соработка и заедничката определба за натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете држави во областа на безбедноста. На средбата се разговараше за тековните активности и можностите за унапредување на полициската соработка, со посебен акцент на борбата против сериозниот и организиран криминал, граничната безбедност, справувањето со нелегалната миграција, сајбер-криминалот и недозволените финансиски текови. Посебно внимание беше посветено на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, како и на натамошното зајакнување на оперативната и регионалната полициска соработка, размената на информации и искуства и јакнењето на професионалните и техничките капацитети на македонската полиција. Министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка што Обединетото Кралство му ја дава на Министерството за внатрешни работи преку експертска и техничка помош, специјализирани обуки и реализација на заеднички проекти. На средбата беше истакнато дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областа на безбедноста и реализација на заеднички активности насочени кон поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, поголема регионална стабилност и безбедност на граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter