Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
2Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
3Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апарат
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
2Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ХороскопНеделен хороскоп за 13.- 20. февруари 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 13. -20 февруари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаУставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинителиАктивно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд .Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд по вчерашниот повик на обвинителите- Нивните иницијативи поврзани со намалените коефициенти за платите, итно да бидат разгледани како што наведуваат од Уставниот суд во моментов се водат постапки по три предмети, поднесени од Здружението на јавните обвинтели и Советот на јавните обвинители. На 24 декеври 2025 судот повел постапка за оценување на уставноста на измените на законите на платите на Јавните обвинители и на членовите на Советот, донесени во 2024 година. На седница одржана во март годинава, постапката била запрена, поради исцрпеноста во примената на законот, и на истата седница предлогот за поведување постапка за уставноста на законските измени од 2026 година, не го добил потребното мнозинство гласови..Истиот предмет пак, бил повлечен од дневен ред на седницата на судот во септември, заради дополнително утврдување на фактичката и правната состојба.. Судот потсетува и дека во моментов функционира со осум од предвидените девет уставни судии. Последните законски измени со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители беа во февруари годинава...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)Оштетениот „Bugatti“ го привлече вниманието на еден познат јутјубер, кој веќе нуди пари за него.Еден од само 500-те произведени примероци на „Bugatti Chiron“ е оштетен во сообраќајна несреќа во Мајами. Снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобил покрај патот, кој претрпел сериозни оштетувања што би можеле да доведат до исклучително скапа поправка. Сопственикот на црниот „Bugatti Chiron“ сигурно не очекувал дека неговиот хиперавтомобил ќе заврши покрај тротоарот откако возел по влажен коловоз. Околностите под кои се случила несреќата се непознати, но видео објавено на социјалните мрежи покажува како автомобилот стои веднаш до едно големо дрво. Врз основа на достапните снимки, возачот најверојатно изгубил контрола на лизгавиот пат, при што автомобилот се завртел или пролизгал. На предниот дел од каросеријата има видливи оштетувања, вклучително и напукнат долен дел од браникот и преден спојлер. View this post on Instagram A post shared by ONLY in DADE (@onlyindade) Сепак, се чини дека задниот дел од возилото може да претставува посериозен проблем. Десното задно тркало е поместено од својата правилна положба, што укажува на можно сериозно оштетување на системот за потпирање, пренесува „Carscoops“. Исто така, можно е да е оштетено и подвозјето, а оштетено е и едно од предните тркала. Поправките би можеле да чинат цело богатство. Кај автомобил како „Chiron“, дури и навидум безначајна несреќа тешко дека ќе помине евтино. „Bugatti“ произведе само 500 примероци од овој модел, а поправките бараат специјализирано знаење, како и соодветни делови. Искуството на јутјуберот Мет Армстронг – кој изминатата година ја помина во реставрација на уништен „Bugatti Chiron Pur Sport“ во САД – покажува колку може да биде сложен еден ваков потфат. Според него, производителот не препорачува сопствениците сами да вршат поправки, што ја прави набавката на делови дополнителен предизвик. Армстронг сугерира дека најсигурниот потег за сопственикот би бил да поднесе барање до осигурителната компанија – под претпоставка дека има соодветно осигурително покритие – и поправката да им ја препушти на овластен сервис на „Bugatti“. Сепак, во коментар на објава на Инстаграм, тој навести дека можеби дури и би бил заинтересиран самиот да го купи оштетеното возило. Извор: Б92Тагови: Bugatti Мајами несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќаСега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.Денеска сакаме да зборуваме за една многу интересна тема, којашто е поврзана со оние случувања во Вашингтон, коишто се пак директно поврзани не само со нашата држава, туку преку оваа прес-конференција ќе се увериме и со регионот, бидејќи ова е една цела мрежа којашто Мицкоски и неговата влада ја користеле, односно ја злоупотребувале, не за целите на нашата држава и на нашите граѓани, туку за сопствени цели. Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, или ако сакате, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп. Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски. Прва средба, јули, значи веднаш по доаѓањето, јули 2024 година во Вашингтон, каде што се цитира плодна средба помеѓу Мицкоски и Муцунски со Гренел. Август 2024 година, веднаш потоа во Скопје, продолжуваат разговорите. Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел. Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба. Погледнете ја низата средби коишто се индикативни и коишто веќе зборуваат за тоа каква е поврзаноста на Муцунски и на Мицкоски со овој човек. Истиот Гренел, сакаме да ѝ објасниме на македонската јавност, со години работи за Вучиќ. Српската влада преку американската лобистичка куќа Валкур плаќа за директни контакти со него. Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година. Кој е Валкур? Валкур е куќата којашто работи на промоција на кој друг, ако не на Вучиќ, во политичките и медиумските кругови во Вашингтон, вклучувајќи организирање интервју за средба што Трамп ја има споделено. Се сеќавате кога се фалеше Вучиќ со Трамп. Гренел се обидувал исто така да му организира средба со Трамп во Флорида, меѓутоа средбата била блокирана и сето тоа е како дел од кругот околу Џаред Кушнер и проектите во Белград. Во ФАРА-регистарот на Американското Министерство за правда, под број 7373, Валкур ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски. Да ѝ објасниме сега на македонската јавност, многу попрецизно, како е формирана и како постои целата мрежа. Кои се клиентите на Валкур? Покрај државата Србија, тука се и, внимавајте, Телеком Србија и унгарската компанија 4iG, и двете многу добро познати на македонската јавност. Телеком Србија е присутна на македонскиот медиумски простор преку канали поврзани со кругот на Вучиќ. Која е 4iG? 4iG, и е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно. Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи. Ние денеска прецизно ќе ја кажеме целата мрежа, за преку информациите коишто ги има СДСМ, во подолг временски период, на македонската јавност да ѝ биде јасно што се случува и во каква мрежа е влезен Мицкоски. Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во 2026 година, непосредно пред изборите. Е сега, новата унгарска влада на Петер Маѓар, во август 2026 година, како што и ние информиравме, наредила целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG, во кои, се разбира, спаѓаат и одбранбените и телекомуникациските врски. Значи, една лобистичка група. Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ. Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ. Во кругот на клиентите на истата куќа стојат и, како што кажавме, Телеком и 4iG, компании поврзани со најблискиот круг на Орбан. Значи, внимавајте, сето тоа што го кажавме не се одвоени приказни. Ова е една иста организирана шема, иста приказна. Ист канал. Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка. Да заклучиме јасно и прецизно. Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан. И тоа е нешто што станува кристално јасно. Она што исто така треба да се потенцира е дека периметарот за којшто зборуваше Мицкоски воопшто не бил наменет за интересите на Македонија и на нашите граѓани, туку, за наша среќа, на сите нас, од тој фамозен Вашингтонски периметар денес не остана ниту милиметар. СДСМ бара одговор од Мицкоски: ти, како премиер на нашата држава, кога се среќаваше со Гренел, водеше сметка за државата и за нашите граѓани или водеше сметка за трговец со оружје? Она што исто така СДСМ го бара е обвинителството веднаш да отвори истрага за тоа какви биле контактите и договорите на Мицкоски со овој човек. Тоа е многу битно, затоа што и нашата држава мора да се вклучи во оваа акција којашто е покрената директно од Белата куќа, односно од тоа место за коешто Мицкоски зборуваше дека има одлични канали и дека е во самиот периметар. Почитувани граѓани, дозволете да кажам на крај дека никој не смее да биде над законот, а дека Мицкоски ќе одговара. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22