Небрегово на Блаже Конески мирно живее со гордоста - Канал 5

Небрегово на Блаже Конески мирно живее со гордоста

Свиено во подножjето на Бабуна Планина, во Прилепското Поле е Небрегово на Блаже Конески. 

Небрегово на Блаже Конески мирно живее со гордоста

На надморска височина од 700 метри, ридското Небрегово на 17-тина километри се граничи со селото Присад, на исток со Дабница, на југ со Горно Село, со Дупјачани на запад и со селата Дреновци и Оморани на север. Ако тргнете од Прилеп, треба да поминете 20 километри.

Небрегово e село со македонско население, од пред шест децении е во атарот на општина Долнени. Во почетокот на 20 век имало 522 жители, за во 21 век да остане со 156 жители.

Го посетивме во овие летни горештини. Мирно е, спокојно е на жештините. Жителите главно се или во полето или во блискиот рудник за експлоатација на мермер. Мирен, без возбудувања, тече животот. Иако е во близина на Прилеп, до градот каде што контактите се „опасни" во време на коронавирусот, сепак, спокојството не е нарушено и во овие тешки времиња, полни со предизвици.

Во селото ги бараме жителите. Забележавме сретсело дека се работи. Тоа е старата зграда на некогашното училиште. Работниците, ангажирани од прилепскиот Завод и музеј, ја реконструираат, ја оспособуваат малата училишна зграда каде што нашиот Блаже Конески го почнал првото одделение. Освен работниците, се надеваме дека кој било ќе најдеме во летното пладне да ни го раскаже денешното секојдневие во Небрегово, ама со сеќавањата за минатото.

Пред неговата куќа, во центарот на Небрегово, го сретнавме Орде Павлески, 48-годишен жител на Небрегово. Со семејството, сопругата и 21-годишниот син и 19-годишната ќерка живее во Небрегово. Иако синот работи во Прилеп, ќерката омажена, тој живее во селото. Ама, вели, Небрегово веднаш го препознаваат по Блаже Конески.

– Како се живее? Па, претежно работиме тутун, некои работат во рудникот за мермер над селото. Што нѐ задржува овде? Природата е чиста, нема никакви загадувања, а заработувачката од тутунот и од мермерот, се знае. Имаме секаква комуникација: вода, телефони, асфалтиран пат. Убаво е за живеење, ама да се платеше повеќе тутунот, ќе беше подобро. А најбитно е што за нас многу значи Блаже Конески. Каде и да појдеме, селото го препознаваат по него. Сум одел низ цела Македонија, и без разлика каде и да појдам, кога ќе ги споменам Небрегово и Блаже Конески, веднаш препознаваат. И кога ќе ме прашаат од каде си, гордо велам од селото на Блаже Конески. И сите веднаш знаат. Инаку, селото има можност да се развива. Условите се тука. А приказните за Блаже Конески со децении ги слушаме. И може да ги пренесуваме на другите. Горди сме, вели Орде Павлески од Небрегово и посочува на зградата од некогашното училиште каде што учел Блаже Конески.

Нашата прошетка низ селото нè доведе до 70-годишниот Петре Маркоски, роден во Небрегово, каде што сите негови поколенија се од селото. Го сретнал Блаже Конески како младо момче, кога Блаже дошол во селото. Во селото се живее мирно, без жителите да заминат и да се иселат. И сите погодности, вели, ги добиле поради Блаже Конески. Ама доволно не се почитуваат неговиот лик и дело.

– Мирно се живее во селово. И патот, и водоводот, и сите погодности ги имаме добиено поради Блаже Конески. Ама треба повеќе да се почитува. Сите се поделија на партии, ама за Блаже никој не треба да дели. За сето што го направил за нас, со македонскиот јазик, за писменоста. Знаеме дека го создал македонскиот јазик, дека дал многу за нас. Паметам, како млад дека првпат го видов Блаже Конески во 1979 година кога дојде со Благоја Талески при пуштањето на патот во употреба. Тогаш првпат го видов. Многу убав впечаток ми остави. Смирен, духовен, образован човек, а наш, од селото. Јас тогаш бев младо момче, имав 28 години. Тоа ми беше првата и последна средба со Блаже Конески. Инаку, знам дека Блаже Конекси учел во прво одделение во селското училиште, кое тогаш се викало „Петре Павлески", сега се реновира. Таму, на времето, младите се собираа, имаа игранки. Ама треба повеќе да се направи за Блаже. Еве, во неговата куќа, има посетители, доаѓаат постојано, но треба повеќе, вели 70-годишниот Петре Маркоски, жител на Небрегово.

Маркоски раскажува дека со короната немало големи проблеми. Којзнае, вели, поради воздухот е, поради природата, ама не се жалаат. Не е лошо да се живее во Небрегово.

– Не е лошо. Пат има, и водовод, телефонски и интернет-врски… Нема проблем. За 20 минути од Прилеп е до Небрегово. Ако сака некој да живее, мирно е, спокојно е, нема проблем, нагласува 70-годишниот Петре Маркоски.

Спомен-куќата на Блаже Конески, полна со артефакти, заштитена, обновена, секогаш е тука да ја раскаже приказната за таткото на македонската азбука, на граматиката, на стандардниот македонски јазик и во годината на одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Короната ги забави активностите, ама нема проблем за бројните литерати, уметници, за почитувачите на делото на Конески. Во годината на неговото 100-годишно одбележување од раѓањето, Друштвото на писателите на Македонија, кое го основа и прв претседател беше Конески, преку стихот и беседата му оддадоа почит на Конески. Според Соња Стојменска Елзесер, претседателка на ДПМ, со стих и беседа е вистинскиот начин за почит спрема Конески.

– Го чествуваме великанот на нашата книжевност – Блаже Конески, првиот претседател на ДПМ и основачот на ова здружение. На оваа наша средба читаме стихови и беседиме 10-мина членови на асоцијацијата, значи го славиме Конески, онака како што знаеме и умееме, со стих, со беседа, рече Стојменска Елзесер при мајското чествување на Конески пред неговата родна куќа во Небрегово.

Долгогодишниот водич, иницијатор за родната куќа на Конески да биде спомен-дом, Миле Спиркоски, смета дека е крајно време посетата да биде задолжителна за учениците.

– Ние и понатаму нема да седиме со скрстени раце. Сѐ ќе направиме. Но, сега исклучиво на потег е Министерството за образование и наука. Доволно е едно циркуларно писмо да испрати до сите општини, до училиштата, за посетата на Спомен-куќата на Блаже Конески да биде задолжителна, вели Спиркоски.

Небрегово на Блаже Конески го оставаме во спокојното секојдневие. Жителите, и стари и млади, се носат со животните предизвици и со гордоста дека се потомци на великанот Блаже Конески./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. 

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 5. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома.

Кариера

Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба.

Кариера

Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив.

Кариера

Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова.

Кариера

Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место.

Здравје и совет

Бидете мудри.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина.

Кариера

Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила.

Здравје и совет

Издржете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа.

Здравје и совет

Радувајте се . Имате зошто.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа.

Кариера

Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Едноставно верувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате.

Здравје и совет

Ќе ширите позитивна енергија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени.

Кариера

Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето.

Кариера

Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андреј Жерновски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.

Андреј Жерновски во „Само интервју“

Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус?

Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ?

Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница?

Вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер