Не сакаат да се експонираат: Еве како изгледа момчето на Анастасија Ражнатовиќ (фото) - Канал 5

Не сакаат да се експонираат: Еве како изгледа момчето на Анастасија Ражнатовиќ (фото)

Спотот на Анастасија Ражнатовиќ за песната „Савршен пар“ е еден од најгледаните на Јутјуб, а младата пејачка може со гордост да се пофали дека нејзината нумера е помеѓу најслушаните во регионот.

Не сакаат да се експонираат: Еве како изгледа момчето на Анастасија Ражнатовиќ (фото)

Називот на песната доволно зборува дека Анастасија среќата ја пронашла во љубовта покрај Ѓорѓе Куљиќ со кој веќе извесен период е во љубов. Ѓорѓе Куљиќ, е згодно момче кое потекнува од угледно семејство.

-Мојот љубовен живот и тоа како беше под лупата на јавноста сив години и тоа беше претерано. Мислам дека тоа треба да остане приватен дел од мојот живот затоа што не сакам на тој начин да се експонирам. Не го кријам, туку не сме од оние кои сакаат јавно да се експонираат“, кажала Анастасија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија.

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУ

На средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија.

“ Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската Kомисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот.

Она што е особено значајно и на што сум особено горд е дека на покана на „Пријатели на Европа“, вечерва ќе бидам дел од главната сесија на којашто ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа. Тука се пет комесари, претставници на Европската Комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри, претставници на бизнис секторот, каде што ќе зборуваме за иднината на Европа и што е она што ја определува иднината на Европа и на Европската Унија и на поширокиот европски континент”- изјави Николоски.

Во текот на утрешниот ден, вицепремиерот Николоски ќе се обрати на Самитот посветен на транспротните коридори, каде со високи преставници на ЕУ и европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите.

“ Утре исто така ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија, ќе зборуваме за големите инфраструктурни проекти коишто ги има Македонија и тоа ќе е вовед во посетата на претседателката на Европската Комисија, којашто во петок доаѓа во Скопје.

Исто така, на утрешната сесија на „Пријатели на Европа“ ќе зборуваме за процесот на проширување во друштво на вицепремиерот на Украина, понатаму вицепремиерот на Молдавија, претставници од регионот, каде разговараме за процесот на проширување и за она што е потребно да се направи за процесот на проширување. Секако тука е многу важно земјите членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите кандидати. Тука се надевам дека ќе има мудрост кај Бугарија и дека Бугарија ќе направи чекор напред и дека ние ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија.

Овие се ретки моменти каде што се добива можност директно да се комуницира на формален и на неформален начин со оние коишто ги носат одлуките во Европската Унија и затоа сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија” – истакна заменик претседателот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана на модна ревија се појави со милион долари околу глуждот (ФОТО)

Ријана повторно ги привлече сите погледи на Неделата на модата во Париз, но овој пат не станува збор само за облеката. 

Ријана на модна ревија се појави со милион долари околу глуждот (ФОТО)

Таа пристигна на модната ревија на Диор со дијамантски накит проценет на вредност од околу еден милион долари (околу 882.000 евра) - и го носеше околу глуждот.

Пејачката се појави на ревијата во целосно црно издание, кое го комплетираше со серија впечатливи дијамантски парчиња. Сепак, најскапиот детаљ го носеше ниту околу вратот ниту на раката, туку на левиот глужд.

Околу 40 карати дијаманти

Околу глуждот, Ријана носеше прекрасна дијамантска нараквица со пет висечки детали, секој од нив завршувајќи со голем дијамант во форма на круша.

Аџај Ананд, основач и извршен директор на Rare Carat, процени за Page Six дека ова парче може да вреди околу еден милион долари (околу 882.000 евра). Тој и експертот за накит Оливија Ландау проценија дека нараквицата има вкупно околу 40 карати дијаманти, при што поединечни големи дијаманти е можно да бидат помеѓу два и седум карати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер