Не можам се сам, ми треба помош на теренот: Бензема ги критикува соиграчите - Канал 5

Не можам се сам, ми треба помош на теренот: Бензема ги критикува соиграчите

Дванаесет постигнати голови на 26 натпревари не се резултат од кој ниту еден напаѓач треба да се срами, но кога се работи за Карим Бензема, многумина веруваат дека ова не е претстава со која треба да се гордее.

Не можам се сам, ми треба помош на теренот: Бензема ги критикува соиграчите

За тоа е свесен и францускиот фудбалер, а како причина за послабите игри фудбалерот на Ал Итихад го наведе фактот дека му е потребна помош од соиграчите за подобри игри.

Тој тоа го изјави во интервју за медиумите во Саудиска Арабија, кои му поставија конкретно прашање зошто не е на нивото на кое беше во Реал Мадрид.

-Тоа е сосема нормално. Ова не е Реал Мадрид, имам други играчи до мене и сосема е очекувано моите игри да бидат поинакви. Не можам да играм и да победувам сам, ми требаат квалитетни соиграчи како што имав во Реал Мадрид, изјави Бензема.

Французинот се пресели во Саудиска Арабија пред нешто помалку од една година, но се уште не е познато дали и следната сезона ќе го носи дресот на истиот клуб.

-Има време, ќе видиме што ќе се случи во иднина. Ова е моја прва сезона во Саудиска Арабија, и каде и да играм сакам да победувам и да постигнувам голови. Целосно сум фокусиран на она што се случува во Ал Итихад и не сум размислувал воопшто за промена на средината. Секој ден се појавуваат нови информации, па ќе видиме што ни носи времето, енигматично изјави Бензема.

Ал Итихад моментално го зазема четвртото место на табелата на Саудиска Арабија, а на последните два натпревари овој клуб не успеа да победи. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер