Навивачите на Шалке за малку ќе ги линчуваа фудбалерите, едвај спасија жива глава (ВИДЕО) - Канал 5

Навивачите на Шалке за малку ќе ги линчуваа фудбалерите, едвај спасија жива глава (ВИДЕО)

Со пораз од 0: 1 кај Арминија во 30. коло, славниот германски клуб испадна од првата Бундес лига за прв пат од 1991 година.

Навивачите на Шалке за малку ќе ги линчуваа фудбалерите, едвај спасија жива глава (ВИДЕО)

Шалке е клуб со над 150.000 членови, што го прави четврти по големина во светот. Според Форбс, тој до неодамна беше меѓу најбогатите клубови во светот. Пред само две години, тој играше во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, седумкратниот германски шампион и петкратен освојувач на Купот и освојувач на Купот на Уефа во 1997 година, сега се наоѓа во една од најголемите кризи во 116 годишната историја. Тој е во големи финансиски проблеми, поради што многу играчи го напуштија, а оние што вредеа беа продадени. Затоа оваа сезона завршува со катастрофа, со само две победи на 30 натпревари и испаѓање на четири кола пред крајот.

Шалке е познат и како клуб со бројни и фанатични навивачи. Овој дебакл им беше многу тежок, а околу 600 од нив ги чекаа фудбалерите да се вратат од Билефелд на стадионот во Гелзенкирхен за да го искажат своето негодување.

Прво вербално ги навредуваа, потоа ги опсипаа со јајца, но кулминација на нивното дивјаштво беше стампедото на десетици навивачи кон неколку играчи, кои со спринт избегаа пред линчот од навивачите.

Фудбалерите на Шалке едвај се спасија од разбеснетата толпа, од која што ги спаси полицијата.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер