ФудбалНавивачите на Баерн го бојкотираат натпреварот со Шахтјор Екипата на Баерн во четвртото коло од Лигата на шампионите во Германија ќе го пречека Шахтјор и наместо да има голема поддршка од своите навивачи, како што стојат работите, тие ќе отсуствуваат.Баварците ќе му гостуваат на Шахтјор на стадионот на Шалке каде што се домаќини. Навивачите на Баерн решија да го бојкотираат овој натпревар, но не поради политички или други причини, туку поради цената на билетите. Цената на билетите за натпреварот во Гелзенкирхен започнува од 52 евра па нагоре, додека во Минхен најниската цена е само 19 евра. Тие сметаат дека е премногу и затоа се побуниле. -Не дозволувајте да ве измамат и да го бојкотирајте го гостувањето против Шахтјор. За фер цени, и против поскапувања за врвни натпревари, се вели во краткото соопштение на навивачите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАмериканските авиони-танкери се повлекоа од БугаријаДва американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.Тагови: Бугарија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter