Навивач влета на терен , и покрај забаната за пристап на стадионот (ВИДЕО)

Чудна ситуација се случи за време на натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона, бидејќи еден навивач влетал на теренот, и покрај строгите контроли.

На стадиотно немало навивачи, со минимум луѓе од членовите на клубот кој имаа право да бидат на стадионот, но се случи инцидентот.

На почетокот на натпреварот, сите играчи беа проверувани за температура, беа напишани страници и страници од разни протоколи за да бидат почитувани, но еден навивач успеа да ги измами сите.

Тој влезе во дресот на Аргентина и успеа да се слика со Џорџо Алба.

Организаторите на натпреварот сериозно потфрлија и ова денеска е главната тема на шпанските медиуми.

ДУИ: Ќе ја продолжиме мисијата да ги обединиме Албанците

Сојузот на албанските парламентарни партии беше основан после парламентарните избори од 11 декември 2016 година, преку ЗаедничкатаДекларација на партиите претставени во претходниот собраниски состав.

Речиси сите обврски од заедничката Декларација беа реализирани во текот на претходниот мандат, од јазичната рамноправност, заокружувањето на

нормативниот дел од Охридскиот Договор, изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, новото министерство за политички систем,Преспанскиот договор и договорот за добрососедство, уставните измени,реформите во безбедносниот систем и владеењето на правото и борбатапротив корупцијата, членството во НАТО и преговорите за членство во Европската Унија.Врз основа на тоа, како победници на изборите од јули и како партија која го има легитимитетот од Албанците, Демократската Унија за Интеграција иницираше состанок на 13 август, на годишнината на Охридскиот Договор, после потврдувањето на изборните резултатите и конститутивната седница на Собранието и откако и лидерот на Албанците, Али Ахмети лично ги контактираше по телефон сите претседатели на партиите од Албанскиот блок. Во овие разговори, г. Гаши изрази подготвеност за средбата и после консултациите со г. Села, два дена подоцна тој се откажа. Села бараше состанокот да биде одржан по верификацијата на мандатите, но и тој се премисли. Додека Касами ја прифати поканата и го остваривме состанокот, а Тачи после првиот разговор, не се јави повеќе.

Сите наеднаш заборавија на нивните ветувања и средбата со Ахмети ја заменија со средба со г. Заев чекајќи на ред и не почитувајќи ја волјата на Албанците и намерно обезвреднувајќи ги преговарачките позициите на Албанците. Уште од предизборието, и потоа, овие партии ги променија нивните ставови неколку пати по ред.

Затоа, вчерашниот состанок беше свикан за да се дискутира во однос на нашите заеднички приоритети а не за да се обезбедиме поддршка, туку да ги поканиме дс споделиме одговорности и заеднички да станеме дел од градењето на историјата и да ги споделиме успесите.Наспроти јавните афирмативни изјави, албанските партии, без никаква причина одлучија да го напуштат Сојузот и нашата искрена понуда да ги споделиме одговорностите.

Граѓаните се тое кои што ги проценуваат сите наши намери и следствено на тоа тие ги определија улогите на сите партии за следните четири години, затоа ние ќе го предводиме обединувањето, и покрај сите пречки, опструкции и обиди за влез од споредните влезови, од прозорците и подрумите. ДУИ и г. Ахмети ќе ја продолжат светата мисија да ги обединат Албанците и наспроти пречките се додека не се создаде обединета достоинствена опозициска алтернатива која што нема да работи за пропаст и неуспех, туку за градење и обединување.

Демократска унија за интеграција

Пендаровски се сретна со гувернерката на НБМ Ангеловска-Бежоска

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјава.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информираше претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка" АД и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да започне во законските рокови, но и порано од тоа. Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена.

Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи, давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава, соопштуваат од кабинетот на претседателот..

Стојанов: 40% знаат од кого и како се заразиле

За тоа како се движи заразата со корона вирусот поразговаравме со директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојков.

Тој забележува дека свеста кај граѓаните за заштитните мерки се искачила на повисоко ниво.

Во разговорот со Мирјана Мирчевска Јовановиќ, Стојанов зборува и за неопходните услови од епидемиолошки аспект ,за почетокот на новата учебна година.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер