Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
2Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
МетеоНаутро студено, преку ден сончево со мала облачностВремето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени Целзиусови. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирмаПокрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти. Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград. Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт. Другите ги нарекуваа предавници. Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа. Ова е лицемерие без граница. Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат. Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат. Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал. Срамота. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоаЕкономскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти. Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Ова се важни показатели за структурата на растот. Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност. За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност. Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард. И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЈанчев: Кружен тек на Северен БулеварКружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина. Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните. Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11