Науседа: Литванија е подготвена да испрати војници во Украина - Канал 5

Науседа: Литванија е подготвена да испрати војници во Украина

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа изјави денеска дека неговата земја е подготвена да испрати свои војници во Украина, како дел од мисијата која би дејствувала по примирјето.

Науседа: Литванија е подготвена да испрати војници во Украина

„Мојата земја е подготвена да ја даде потребната поддршка. Зборувам за многу конкретни бројки на војници. Сепак, треба да има посветеност од сите земји во оваа коалиција да обезбедат таква поддршка“, рече Науседа во интервју за Блумберг за време на неговиот престој во Брисел.

Науседа изјави и дека верува оти претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, има искрени намери да стави крај на војната во Украина, додека претседателот на Русија, Владимир Путин, како што истакна, го злоупотребува тој процес.

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

притисни ентер