Научник фотографирал како душата го напушта телото

Рускиот научник Константин Коротков снимил со биоелектрографичка камера како душата го напушта телото. Прво заминува од главата и трупот, срцето го напушта последно.

На фотографијата во сина боја е претставена душата која го напушта телото. Во случај кога личноста умира од насилство или одненадеж душата конфуно го напушта и се враќа во телото со денови по смртта. Според рускиот научник може да се работи за вишок на неискористена енергија.

Коротков е управник на Институтот за физичка култура во Санкт Петербург. Неговата метода е прифатена како медицинска технологија од руското министерство за здравство и ја користат повеќе од 300 лекари за набљудување на тешко болни пациенти.

Foto: Wikipedia/Island wiki

Погледнете што вели Коротков, дали со нашиот ум можеме да ги контролираме случувањата околу нас, како се создава позитивното поле околу луѓето и дали и како за негативноста сме виновни самите.

Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто

Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто.

Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.

Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица 3 одѕивот на гласање до 11 часот 18,86 отсто, во Изборната единица 4 – 18,55 отсто, во Изборната единица 5 – 15,02 отсто и во Изборната единица 6 има најмала излезност, односно на гласање излегле само 9,26 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

За споредба на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одѕивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа минатата година излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.

Државната изборна комисија се очекува со нов пресек за излезноста на гласачите да излезе на прес-конференција во 13 часот и 30 минути.

Во Крива Паланка до 11 часот 21.45 отсто излезеност

До 11 часот излезеноста во Општина Крива Паланка изнесува 21.45 отсто, додека во Ранковце 14.65 отсто од граѓаните кои излегле на гласање.

-Од вкупниот број избирачки места во Крива Паланка – 47, обработени се податоци од 39, а според процентот на излезеност, 21.45 и обработени избирачки места, до 11 часот гласале 3644 гласачи од вкупно 16.986 избирачи со право на глас, рече претседателот на ОИК, Крива Паланка, Душко Арсовски.

Во општина Ранковце до 11 часот излезеноста е 14.65 отсто, додека во Кратово од обработени податоци од 23 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 14.41 отсто.

Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

притисни ентер