Научниците тврдат: Сепак постои живот после смртта

Доктор Роберт Ланза од Северна Каролина тврди дека смртта е илузија создадена од нашата свест.

„Мислиме дека животот е еден голем биохемиски процес и оти после нашата смрт, ние се распаѓаме во земјата. Но, не е баш така“ – изјави Ланза.

Според неговата теорија на биоцентризам луѓето веруваат во конечната смрт бидејќи така се научени.

Според Ланза, животот го поврзуваме со телото, а докажано е дека телото изумира.

„Нашата свест формира универзум, а не обратно. Се работи за тоа како го перципираме светот околу себе. Личноста го гледа небото сино бидејќи некој му кажал дека небото има сина боја. Но ќелиите во нашиот мозок можат да бидат “изменети“ па небото можеме да го видиме во црвена или зелена боја“ – додава Ланза.

Истомислениците на теоријата на Ланза тврдат дека се што гледаме не постои без нашата свест, односно таа ни го претставува светот онаков каков што е. Биоцентристите тврдат дека вселената и времето се алатки на нашиот ум.

„Постојат илјадници паралелни универзуми во кои живееме, само за тоа не сме свесни. Во тој систем нема смрт. Кога ќе умреме, нашиот живот едноставно се враќа во тој бесконечен систем на универзуми и негде повторно ќе “процвета“ – тврди Ланза, кој пред неколку години објавил книга за биоцентризмот.

Скоро сите негови теории се поткрепени со бројни експерименти, а еден од нив е оној со честичката која проаѓа низ препреки. Набљудувано со човечко око, честичката буквално проаѓа низ препреките и се движи линеарно.


„Животот е авантура која го надминува нашиот линеарен начин на размислување. Кога ќе умреме, повторно оживуваме, а тоа го докажуваат квантната механика и бројните докази од квантната физика“ – додава Ланза.

Сепак, со Ланза не се согласуваат некои од научниците кои тврдат дека погрешно ги протолкувал квантните закони и на тој начин ја отфрлил Дарвиновата теорија која е прифатена во научните кругови.

„Денешната наука, ги отфрла теориите кои не се согласуваат со Дарвиновата теорија. Таа е еден од темелите на модерната наука, а Ланза се занимава со некои нејзин чуден облик кој е неприфатлив. Биоцентризмот не нуди никакво детално објаснување за свеста и системски ги игнорира новите научни сознанија за истата“ – тврдат научниците.

Од друга страна, многумина сметаат дека Ланза се наоѓа на прагот на големо откритие.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

Во Црвено Море нападнат танкер со нафта

Британската безбедносна фирма „Ембреј“ (Ambrey) денеска соопшти дека во Црвеното Море е нападнат танкер со нафта, што пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.

Танкерот е погоден со проектил, што предизвикал пожар. Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.

Претходно Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.

Хутите уште од ноември минатата година ги напаѓаат трговските бродови во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинцитеи оти тоа ќе го прават сè додека Израел не ги запре нападите врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер