Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотНаучниците со предупредување: Производството на батерии за електрични автомобили ќе доведе до еколошка катастрофаСпоред врвните британски научници , доколку се исполни планот за замена на класичните со електрични возила , само за потребите на електричните батерии во Британија , би се исцрпиле светските резерви ан минерали , што би довело до екoлошка катастрофа. Група научници писмено се обратиле до британската комисија за климатски промени , која е независна законска институција со предупредување на големите импликации за светските приросдни ресурси , бидејќи Британија сака што побрзо префрлување на електрични автомобили. Според сегашниот план , до 2050 во Британија треба да има 31,5 милиони електрични автомобили. Според ова сценарио , научниците утврдиле дека само за ови потреби на Британија ќе има двојно поголема побарувачка на кобалт од сегашната глобална потрошувачка. Доколку се користат сегашните батерии за електричмни автомобили (80 проценти никел, 10 кобалт и 10 манган) , само Британија би го потрошила глобалното производство на неодимиум, три четвртини на литиумот и половина од светското производство на бакар. Во дописот потпишан од осуммина водечки научници , вклучително и професорот Ричард Харингтон , раководител на британскиот Природно научен музеј во Лондон, за производство само на батериите за возилата што би возеле во Британија , би се потрошиле 207 900 тони кобалт, 264 600 тони литиумов карбонат , најмалку 7 200 тони неодимиум и 2 362 500 тони бакар. Ваквите енормиони потреби , кога би се подмиориле само за британскиот пазар , би довеле до исцрпување на светските ресурси на овие елементи , што би значело нова еколошка катастрофа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода.На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во БрвеницаОсудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испит: Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЗабаваКармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)Кармен Електра, која го задржа својот статус на секс симбол децении по славата во ТВ серијата „Спасувачите“, се појави на Галата на ѕвездите на „Танчерите против ракот“ во Лос Анџелес. Актерката и модел (54) избра долг црн фустан со проѕирен корсет за настанот, кој се одржа овој четврток. Таа ја замени својата препознатлива руса коса со потемна нијанса. Носеше долг, црн фустан што го припиваше телото со проѕирен горен дел. Ја спушти кафеавата коса во нежни бранови, а нејзината шминка вклучуваше чаден ај и кармин во боја на гола боја. Секс симбол на 90-тите Електра стана глобално позната во 1997 година со нејзината улога како Лани Мекензи во популарната ТВ серија за спасувачи. Со тоа, таа го презеде местото што го прослави Памела Андерсон и стана едно од најпрепознатливите лица на серијата. Родена како Тара Ли Патрик, таа ја започна својата кариера како пејачка во Минеаполис, каде што го привлече вниманието на музичарот Принс, кој ѝ го даде сценското име Кармен Електра. Нејзиниот статус како една од најпознатите „пин-ап“ девојки од крајот на деведесеттите години беше обезбеден со нејзините појавувања во „Плејбој“, „Спасувачка служба“ и шоуто на МТВ „Синглд Аут“. Интересно е што во тоа време не се сметала за секс симбол и вели дека никогаш не се чувствувала како предмет. „Не баш“, претходно изјавила таа за „Ролинг Стоун“. „Го избрав тој пат затоа што така се чувствував и не се сметав себеси за секс симбол. Кога луѓето ќе го кажеа тоа, ќе бев изненадена, но го сфатив како комплимент. Има толку многу секс симболи на кои им се восхитував тогаш, а им се восхитувам и денес.“ Децении подоцна, тој го прифаќа тој статус. „Сакам да бидам секси“, изјавила таа за „Фокс њуз диџитал“. „Мислам дека тоа дава чувство на моќ.“Тагови: Кармен Електра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter