ЖивотНаучниците откриле што се крие под мразот на Антарктикот, стар 34 милиони години: Ова не го очекувавмеНаучниците открија изненадувачки детали за пејзажот под мразот на Антарктикот.Одамна знаеме дека планини, долини и длабоки клисури лежат под 34 милиони години старата ледена покривка, но новото истражување покажа дека има и огромни рамнини по должината на источниот брег, што е неочекувано, објавува „Дејли меил“. Огромни рамни површини Новата студија, заснована на специјални мерења, открива „екстремно рамни површини“ по должината на брегот на Источен Антарктик кои се протегаат на околу 3.500 километри. Овие области, кои претходно не беа мапирани, некогаш биле поврзани и се верува дека се создадени со дејството на големи реки откако Источен Антарктик и Австралија се одвоиле пред околу 80 милиони години. Овие рамни површини сега се скриени под ледената покривка и одделени со длабоки жлебови низ кои минуваат глечерите. Целиот свет е загрижен Главниот автор на студијата, д-р Гај Паксман од Универзитетот Дарам, рече: „Овој пејзаж, скриен под ледената покривка, е еден од најспектакуларните не само на Земјата, туку и на која било планета во Сончевиот систем. Кога ги проучувавме добиените слики, екстремно рамни површини се појавија речиси насекаде“. Студијата е објавена во списанието „Nature Geoscience“, каде што научниците исто така известуваат дека мразот над овие рамни површини „се движи многу побавно“. Губењето на мразот на Антарктикот е загрижувачко за целиот свет - како резултат на глобалното затоплување, а гореспоменатите рамни површини дејствуваат како „бариери“ што го забавуваат процесот и можат да ја регулираат брзината на исчезнување на ледената покривка. Антарктик, вечна енигма Овој заклучок е многу значаен, бидејќи целосното топење на Источен Антарктик би можело да го покачи нивото на светските мориња за дури 52 метри, објавува Дејли Меил. Вклучувањето на влијанието на овие рамни површини во моделите на идното однесување на ледената покривка би можело да помогне попрецизно да се предвиди како ќе се однесува под климатските промени, велат истражувачите. Коавтор на студијата, професор Нил Рос од Универзитетот во Њукасл, изјави: „Долго време сме интригирани и збунети од фрагментите од докази за рамни предели под антарктичките ледени покривки. Ова истражување ги поврзува овие фрагменти: како се формирале овие древни површини, каква улога играат во денешниот тек на мразот и како би можеле да влијаат врз развојот на источната ледена покривка во еден затоплувачки свет.“Тагови: Антарктикот мразот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter