Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
1Општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица
2ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг
ЗдравјеНаучниците масовно произведуваат комарци во фабрика, а потоа ги пуштаат надвор (ВИДЕО)Во срцето на Бразил, секоја недела се произведуваат 190 милиони комарци како дел од научниот напор за борба против смртоносната болест.Во обид да се спречи ширењето на денга треската, земјата неодамна ја отвори најголемата фабрика за комарци во светот, сместена во градот Кампинас, која се простира на површина од 1.300 квадратни метри, објавува Oddity Central. По што се разликуваат комарците? На прв поглед можеби звучи бизарно, но зад овој уникатен проект стои прецизно дизајниран научен метод насочен кон борба против еден од најголемите (здравствени) проблеми во Латинска Америка. Фабриката ги одгледува видовите комарци Aedes aegypti, познати по пренесување на вируси како што се денга и Зика. Сепак, овие комарци се намерно инфицирани со бактеријата Волбахија, која го спречува развојот на опасни вируси во нивните тела. Како резултат на тоа, иако ги касаат луѓето, тие не можат да им ја пренесат болеста! Уште поважно, кога овие комарци се размножуваат, бактериите се пренесуваат на нивните потомци, создавајќи долгорочен ефект врз популацијата. Фабрика за специјална намена Во фабриката, процесот започнува со илјадници садови исполнети со вода во кои се развиваат ларви. Кога ќе достигнат зрелост, комарците се преместуваат во специјални „кафези“. Мажјаците се хранат со сладок раствор, а женките со животинска крв ставена во кесички што имитираат човечка кожа. Во овие услови, комарците живеат околу четири недели, за време на кои се парат и положуваат јајца во садови поставени на дното од „кафезите“. Идејата на научниците е произведените (модифицирани) комарци да се ослободат во бразилските градови, каде што ќе се парат со обични комарци, а женките ќе ја пренесат бактеријата Волбахија на своите потомци, со што постепено ќе се трансформира популацијата. Темната статистика Овој метод веќе е применет во неколку земји низ светот со охрабрувачки резултати, но Бразил сега го спроведува во невидени размери. Причината за ова е загрижувачка статистика - во 2024 година, оваа земја ја забележа најлошата епидемија на денга во својата историја, со повеќе од 80% од сите пријавени случаи во светот.Тагови: комарци научници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лицаОпштина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места.Општина Гази Баба денеска ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.општина Гази Баба организира комеморативен настан посветен на десетгодишнината од невремето во кое загинаа 22 лица. Од општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност.невремето што на 6 август се случи во гази баба предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фискалната дисциплина и домаќинското управување се темел на стабилна економија и намален јавен долг Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните.Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина. Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал. Во апсолутен износ, јавниот долг е намален за 21 милион евра и изнесува 10.726 милиони евра. Позитивниот тренд е уште поизразен ако се направи споредба со претходниот период. Во однос на крајот на 2024 година, јавниот долг е намален за 2,6 процентни поени, додека споредено со крајот на 2025 година намалувањето изнесува 0,6 проценти. Овие показатели се потврда дека со одговорен пристап и внимателно управување со ресурсите, државата успева да ја зачува финансиската стабилност и да создава услови за економски развој. Во период кога се сервисираат значајни обврски наследени од минатото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успева да обезбеди редовно исполнување на финансиските обврски, стабилност на буџетот и истовремено реализација на проекти што имаат директно значење за граѓаните. Намалувањето на јавниот долг не е само статистички показател, туку доказ за поинаков пристап во управувањето со државните средства кои треба да бидат насочени кон инвестиции, развој, подобра инфраструктура, здравство, образование и отворање нови економски можности. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики на одговорно управување, фискална дисциплина и создавање стабилна економија која ќе обезбеди подобри услови за граѓаните и идните генерации. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговараПоради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна.Над 50 населени места се со загадена вода. Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош. Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна. Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од цевките и анализи на вода. Ја прогласија водата за техничка и дека може да се користи а никогаш не објавија анализа, резултат за водата, кој потпишал и кој одобрил. А Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија. Сега се најавува дека официјалните резултати од анализите, ќе бидат достапни на 20 август. Народот што да прави? Во меѓувреме, Владата склучила зделка вредна околу 100.000 евра за набавка на вода, без тендерска постапка. Тотален распад на институциите и колапс на здравството. Прашањето е зошто Обвинителството молчи? Зошто досега никој од власта не одговара за Гостивар? Не може цела држава да се труе, а никој да не биде одговорен. Не може илјадници граѓани да бараат лекарска помош, институциите да признаваат дека задоцниле, а функционерите да продолжат како ништо да не се случило. Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, одговорност мора да има. Скопје, 07.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook