ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
1ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
2Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
БалканНаучна студија: Движењето на магма под морското дно ја предизвикало интензивна сеизмичка активност кај грчкиот остров СанториниСеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма.Сеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма, што се ширела во бранови на повеќе од 20 километри во земјината кора на длабочина поголема од 10 километри под морското дно, покажува студијата на меѓународен истражувачки тим, објавена во списанието „Science“, која ја пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Истражувачите, меѓу кои и Грци, наведуваат дека ова магма била доволна „да се наполнат речиси 200.000 базени со олимписка големина“, била 200 пати поголема од големата пирамида во Гиза,, околу 200 пати поголема од Акропол или околу 500 пати од Емпајр Стејт Билдинг и додаваат дека била доволна „да се покријат Менхетен во Њујорк или Бермудските острови со слој дебел околу девет метри“. Според научниците, за сеизмичката активноста, единствена во светот по бројот на земјотреси во многу ограничен временски период, што опфати стотици земјотреси, од кои некои со јачина над пет степени и предизвика вонредна состојба на Санторини, „постоеше силна неизвесност дали земјотресите се должат на вулканска активност што сигнализира можна претстојна ерупција или на поместување на тектонски раседи и можеби беше предвесник на поголем земјотрес (како катастрофалниот земјотрес со јачина 7,7 што го погоди истиот регион во 1956)“. Причината за сеизмичката активноста била откриена со помош на напредни техники, кои прецизно ја одредиле просторната распределба на над 25.000 земјотреси во земјината кора, а студијата ги користела овие земјотреси како „виртуелни мерачи“ за го прикажат движењето на магмата, односно да ја идентификуваат и мапираат интрузијата што на крајот ги предизвика земјотресите. Визуализацијата, како што нагласуваат истражувачите, ја исклучува можноста за поместување на тектонски раседи како примарна причина за сеизмичката активност во 2025. - Деталниот просторно-временски приказ на сеизмичката активност во 2025 година покажува дека магматските интрузии, предизвикуваат земјотреси и можат да доведат до опасни вулкански ерупции, не вклучуваат едноставен еднонасочен процес на магмата што се движи хоризонтално или вертикално, пишува во научната студија според АНА-МПА. Највпечатливо било тоа што интрузијата не се движела регуларно, туку според истражувачите, се одвивала во бранови – отворајќи нови пукнатини, затворајќи други и туркајќи ја магмата напред. -Санторини, дел од грчкиот вулкански лак, има историја на катастрофални ерупции, вклучувајќи ја и „минојската ерупција“ околу 1620 година п.н.е. Сеизмичката криза од 2025 година, иако не беше проследена со ерупција, ја истакнува можната опасност со која се соочува локалното население и ја нагласува важноста на гео-физичкото следење со висока резолуција, заклучуваат истражувачите, објави грчката државна агенција. Тагови: земјотрес Санторини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00