Натпревари од последното коло од Лига Европа

Во рамките на Лига Европа денеска ќе се одиграат натпреварите од последното 6.коло од групната фаза. Пласман во следната фаза имаат обезбедено 13 екипи, што значи дека „слободни“ се уште 11 места. Во нок аут фазата од Лига Европа ќе се играат третопласираните екипи од групите од Лигата на шампионите: Бешикташ, Копенхаген, Легија, Лудогорец, Олимпик Лион, Борусија Менхенгладбах, Ростов и Тотенхем.

Двојки 6.коло:

А група: Зорја – Манчестер Јунајтед и Феенорд – Фенербахче. (почеток 19 часот).
Табела: Фенербахче 10, Манчестер Јунајтед 9, Феенорд 7, Зорја 2.

Б група: АПОЕЛ – Олимпијакос, Јанг Бојс – Астана (почеток 19 часот).
Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 8, Јанг Бојс 5, Астана 5.

Ц група: Андерлехт – Сент Етиен, Мајнц – Габала (почеток 19 часот).
Табела: Андерлехт 11, Сент Етиен 9, Мајнц 6, Габала 0.

Д група: АЗ – Зенит, Макаби Тел Авив- Дундалк,
Табела: Зенит 15, АЗ 5, Дундалк 4, Макаби Т.А. 4.

Е група: Астра – Рома, Викторија Плзен – Австрија Виена (почеток 19 часот).
Табела: Рома 11, Астра 7, Австрија Виена 5, Викторија Плзен 3.

Ф група: Сасуоло – Генк, Рапид Виена – Атлетик Билбао (почеток 19 часот).
Табела: Генк 9, Атлетик Билбао 9, Рапид Виена 5, Сасуоло 5.

Г група: Панатинаикос – Селта и Стандард – Ајакс (почеток 21:05 часот).
Табела: Ајакс 13, Стандард 6, Селта 6, Панатинаикос 1.

Х група: Коњаспор – Гент, Брага – Шахтјор (почеток 17 часот).
Табела: Шахтјор 15, Брага 6, Гент 5, Коњаспор 1.

И група: Ница – Краснодар, Салцбург – Шалке (почеток 21:05 часот).
Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салцбург 4, Ница 3.

Ј група: ПАОК – Либерец, Карабах – Фиорентина (почеток 17 часот).
Табела: Фиорентина 10, Карабах 7, ПАОК 7, Либерец 4.

К група: Саутемптон – Хапоел, Интер – Спарта Прага (почеток 21:05 часот).
Табела: Спарта 12, Хапоел 7, Саутемптон 7, Интер 3.

Л група: Виљареал – Стеауа, Османлиспор – Цирих (почеток 17 часот).
Табела: Османлиспор 7, Виљареал 6, Цирих 6, Стеауа 6.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер