НАТО: Спогодбата за нормализација на односите е историска можност за Косово и Србија - Канал 5

НАТО: Спогодбата за нормализација на односите е историска можност за Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека го поздравува конструктивниот пристап на Косово и Србија кон дијалогот со посредство на Европската унија .

НАТО: Спогодбата за нормализација на односите е историска можност за Косово и Србија

Столтенберг денеска во Брисел изјави дека го поздравува конструктивниот пристап на Косово и Србија кон дијалогот со посредство на Европската унија и посочи дека Спогодбата за нормализација на односите е „историска можност“ да се постигне траен мир.

По средбата со претседателот на Албанија Бајрам Бегај, кој исто така го поддржа дијалогот Косово-Србија за нормализација на односите, Столтенберг рече дека НАТО „ќе продолжи силно да го поддржува дијалогот бидејќи го гледа како единствен вистински пат за мир и стабилност во Косово“, пренесува Радио Слободна Европа.

- Имаме историски аргумент за траен мир и го поздравувам конструктивниот пристап. Важно е двете страни да покажат флексибилност и волја за компромис. Секое решение мора да ги земе предвид човековите права, добрососедството и владеењето на правото, рече шефот. на НАТО.

Столтенберг, исто така, ја повтори подготвеноста на НАТО да осигура мир и стабилност во Косово и поширокиот регион.

- НАТО е присутен во Косово многу години. Присуството на КФОР (мисијата на НАТО во Косово) одигра и продолжува да игра важна улога во промовирањето на мирот и безбедноста на движењето за сите во Косово. Сојузниците се подготвени да го продолжат ова. Значајното присуството на НАТО - се покажа како адекватно за безбедноста, рече тој.

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај изјави дека „балканскиот регион се уште е загрозен од руска интервенција“ и дека членството на Косово во НАТО би било „додадена вредност за Алијансата“.

- Русија го загрозува регионот и интересите на НАТО. Целта на Русија е да ги блокира демократските процеси во регионот. Со загриженост ги следиме настаните на северот на Косово. Го цениме ангажманот на НАТО во регионот. КФОР е гарант за мирот во Косово и во регионот“, рече Бегај.

Радио Слободна Европа потсетува дека „Косово и Србија го прифатија европскиот предлог за нормализација на односите на 27 февруари“ откако ЕУ соопшти дека на средбата во Брисел косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се согласиле дека нема потреба од натамошни дискусии за тој предлог“.

ЕУ тогаш објави дека „страните изразиле подготвеност да работат на план за спроведување на европскиот предлог, кој има за цел да ги доведе страните до сеопфатен конечен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“, јави РСЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер