Натали Портман: Кога ќе ме видат, мислат дека веднаш ќе се породам, а јас имам уште месеци!

Натали Портман е бремена со второ дете. Изгледа како да е близу до терминот за породување, но вели дека не е така.

- Сите мислат дека ќе се породам секој момент, а јас имам уште неколку месеци - рече Натали во шоуто на Џими Фелон.

- Пред некој ден во продавница касиерката ми вели - уште малку значи! А јас и велам - не вооопшто! - вели актерката.

Таа тоа го објаснува со својата ситна конституција.

- Се познава многу повеќе и побргу ако си ситна градба - вели Натали.


Warm welcome: Jimmy Fallon told Natalie that she was 'showing and glowing;


35 годишната Натали Портман и сопругот Бенџамин имаат 5 годишен син.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер