Насилство сред бел ден во Скопје

Насилство сред бел ден во Скопје. Маж истепа жена на раскрсница во близина на хотелот Континентал.На видеото објавено на социјалните мрежи кое предизвика лавина од реакции се гледа како тој ја напаѓа и турка жената на улица.

Видео на кое се гледа како маж удира полугола жена во центарот на Скопје предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Во инцидентот кој се случил на раскрсница на булеварот Гоце Делчев, во близина на хотелот Континентал, се гледа како мажот, наводно таксист, ја удира жената која се обидува да му ги скрши брисачите од автомобилот. На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, а при тоа никој не и помага додека лежи на асфалтот.

Под видеото објавено на твитер, објавувачот пишува:

Раскрвавена во носот и на грбот веќе била еднаш на асфалт. Веројатно таксистот манјак веќе бил тргнат на страна, па оваа се одмаздува на колата, после што следи уште еден нокаут.

Од МВР велат дека настанот во полиција е пријавен вчера. Идентификуван е 45 годишниот маж и 30 годишната жена, и двајцата од Скопје. Разговарано е и со нив, а според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир на оној што на јавно место ќе учествува, предизвика или поттикне дуг на тепачка му се заканува казна од 300 до 500 евра.

Дел од прашањата кои се поставуваат по објавеното видео се зошто никој не и помага на жената откако паѓа на асфалтот? Психологот Мирјана Јовановска Стојановска отсуството на реакција на луѓето пред чии очи се случува инцидентот се должи на тоа што преоптовареноста со сопствените грижи ги држи подалеку, но и поради стравот за сопствена безбедност не се осмелуваат да реагираат.

Но повеќе загрижува, како што вели Јовановска тоа што се снима целиот настан со цел да се добие лична корист без обид да се помогне.

Хутите собориле американски дрон

Јеменските Хути собориле американски дрон МК9 над провинцијата Ал Бајда во јужен Јемен, соопшти денеска воениот портпарол на оваа милитантна група Јахја Сари.

Тој истакна дека дронот бил цел на проектил земја-воздух од локално производство и додаде дека ќе биде објавено видео кое ќе ги потврди овие тврдења.

Минатиот петок Хутите соопштија дека собориле уште едно американско беспилотно летало МК9 над југоисточната провинција Мареб.

Групата, поддржана од Иран, почна напади врз бродови во Црвеното Море во ноември во, како што велат, знак на солидарност со палестинскиот народ во Појасот Газа.

САД и Велика Британија почнаа серија напади против Хутите во Јемен во февруари како одговор на акциите на групата.

ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60 090,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари.

Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.

Еден загинат, 17 лица се повредени во судар на камион и автобус кај Обреновац

 Во судир на автобус и камион во местото Стублине кај Обреновац, едно лице загина, а 17 лица се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

Судирот се случил во 10.05 часот. Шест повредени лица се пренесени во КБЦ Бежанијска коса, додека 11 лица се во Здравствениот дом во Обреновац.

Според првичните информации загинатото лице е возачот на автобусот кој починал на самото место.

Повреден е и возачот на камионот кој учествувал во сообраќајната несреќа.

Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин. Полицијата врши увид теренот. /МИА

притисни ентер