Хутите собориле американски дрон

Јеменските Хути собориле американски дрон МК9 над провинцијата Ал Бајда во јужен Јемен, соопшти денеска воениот портпарол на оваа милитантна група Јахја Сари.

Тој истакна дека дронот бил цел на проектил земја-воздух од локално производство и додаде дека ќе биде објавено видео кое ќе ги потврди овие тврдења.

Минатиот петок Хутите соопштија дека собориле уште едно американско беспилотно летало МК9 над југоисточната провинција Мареб.

Групата, поддржана од Иран, почна напади врз бродови во Црвеното Море во ноември во, како што велат, знак на солидарност со палестинскиот народ во Појасот Газа.

САД и Велика Британија почнаа серија напади против Хутите во Јемен во февруари како одговор на акциите на групата.

Дејвис неколку недели во аут поради повреда

 Новиот член на Далас маверикс, Ентони Дејвис се очекува да пропушти неколку недели поради истегнување на мускулите. Тој се повреди на дебито за Далас.

Извори на „ESPN“ велат дека отсуството на Дејвис може да трае и повеќе од еден месец.

Дејвис ја заработи повредата во третата четвртина од саботниот натпревар против Хјустон, откако за 31 минута запиша 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади. Тој го играше својот прв натпревар за тимот по размената со Лука Дончиќ, што беше наидено на критики од многу навивачи на клубот.

Триесет и едногодишниот Дејвис најпрво ја намали загриженоста на навивачите уверувајќи дека повредата не е сериозна.

Тој претходно ги пропушти последните пет натпревари - три со Лејкерси и првите два со Маверикс поради истегнат стомачен мускул.

Скијачот Мирко Лазаревски со безрезервна поддршка од Видеолотарија

Мирко Лазаревски ќе се бори во квалификациите на СП во скијање во Австрија

Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Мирко Лазаревски за неговото учество на квалификациите за СП 2025.

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со огромно задоволство ја продолжува поддршката за нашиот истакнат македонски скијач, Мирко Лазаревски. Со оваа поддршка овозможуваме негова подготовка и учество на квалификациите за Светското првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од неговиот пат кон ова светското првенство. Уверени сме дека неговата посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за него, така и за Македонија.

Мирко Лазаревски ќе се натпреварува на СП во Залбах, во Австрија од 14 до 16 февруари. Тој изразува силна благодарност до тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, што го препознава и верува во неговиот потенцијал.

Лазаревски има значајни достигнувања во националните и меѓународните натпревари, пред ова најново соочување. Тој е најдобариот македонски скијач во неговата возрасна категорија. Мирко веќе учествуваше на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

Хонг Конг најави забрана за електронските цигари на јавни места

 Хонг Конг ќе го забрани поседувањето и користењето електронски цигари на јавни места до средината на 2026 година, а тамошните власти наведуваат здравствени причини.

„За да ги заштитиме нашите млади луѓе, веруваме дека е време да се забрани употребата на електронски цигари“, рече локалниот здравствен службеник Ло ​​Чунг Мау.

Тој додаде дека ќе започне процесот на донесување законска регулатива против поседување и користење електронски цигари на отворено.

Најавата доаѓа речиси три години откако Хонг Конг го забрани увозот, производството и продажбата на електронски цигари и загреани тутунски производи.

притисни ентер