Предвидено е на министерскиот состанок да се разговара за актуелните безбедносни предизвици на НАТО, за случувањата во јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби поврзани со руската агресија врз Украина, како и за досегашната имплементација на одлуките донесени на Самитот на Пактот во Вашингтон одржан во јули, годинава.
Работниот дел од состанокот ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, на кое ќе присуствува и јорданскиот Абдула Втори. Глава тема на средбата ќе бидат случувањата на Блискиот Исток и безбедносните импликации од нив по НАТО.
На крајот на првиот ден од заседанието ќе се одржи сесија на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која ќе учествува и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Министерскиот состанок на НАТО продолжува утре претпладне со заседание на Северноатлантскиот совет на кое, меѓу другото, ќе се разговара и за подготовките на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следната година во Хаг.
На маргините на собирот, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги учесници на состанокот.