Нашите млади кошаркарки ја победија Велика Британија - Канал 5

Нашите млади кошаркарки ја победија Велика Британија

Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија (кошаркарки до 16 години) го освои 17. место на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Скопје.

Нашите млади кошаркарки ја победија Велика Британија

Кадетките на Македонија во натпреварот за пласман ја победија Велика Британија со 53:50 (8:17; 21:9; 10:15 и 14:9).
Нашите кошаркарки шампионатот го завршија со три победи (Молдавија, Норвешка и Велика Британија) и четири порази (Украина, Словенија, Република Ирска и Белгија).

На денешниот дуел против Велика Британија најефикасна беше Марија Димитријевиќ која постигна 22 поена.

Вечер во СЦ „Борис Трајковски“ се играат и завршните натпревари. Во дуелот за третото место играат: Украина и Грција, а победникот од овој натпревар ќе им се приклучи на Данска и на Белгија во А дивизијата во следната година. Инаку, во финалето играат токму овие две селекции: Данска и Белгија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“.

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство подразбира високи еколошки стандарди, примена на современи технологии, континуиран мониторинг и силна институционална контрола.

„Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но, исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските процедури“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека секој рударски проект мора да биде подложен на сериозна и независна проценка. Прашањата поврзани со водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот, безбедноста и рекултивацијата се легитимни и неопходни, но нивните одговори треба да произлезат од стручни анализи и институционални процедури.

Од „И здравје и работа“ сметаат дека во дебатата не треба да се занемарува ниту економскиот придонес што современото рударство може да го има за државата.

„Кога зборуваме за рударството, мора да зборуваме и за неговиот потенцијал да создава нови работни места, да го зголеми извозот, да носи приходи во државниот и локалните буџети и да отвора простор за развој на домашните компании. Секако, ниту една економска придобивка не може да биде оправдување за непочитување на еколошките стандарди. Но, исто така, ниту една претпоставка за можен ризик не смее однапред да биде причина да се отфрли инвестиција без да се разгледаат фактите и стручните проценки“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен, дека секој експерт кој зборува за рударството има скриен интерес или дека секој кој има поинаков став е против заштитата на животната средина.

Од иницијативата додаваат дека Македонија не треба да ја сведува дебатата за рударството на изборот „или екологија или рударство“.

„Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата повикуваат на отворена, аргументирана и конструктивна дебата, во која ќе има простор и за критички ставови, но и за мислењето на стручните лица, без нивно дискредитирање или замолчување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски

Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари.

СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи- доаѓа нов авион за Мицкоски

Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти.

За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните фрижидери и во празните паричници.

Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната плата од 26.000 денари не е доволна ниту за третина од потрошувачката кошничка која порасна на 70.000 денари.

Високите цени секојдневно ги празнат семејните буџети.

Тоа е вистинската слика за „третата економија во Европа“ на Мицкоски.

Веселата математика на Мицкоски не може да ја плати сметката на ниту едно семејство.

Помала плата. Поскап живот. Празни џебови и празни фрижидери.

Но ајде да зборуваме за убави работи – доаѓа нов авион за Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветер ги носи пластичните лежалки низ плажата на Раб (ВИДЕО)

Силна бура вчера го погоди Раб. Пожарникарите во Раб имаа бројни интервенции, од испумпување вода од згради и спасување чамци до поправка на покриви, а интервенираа и во градинката „Пахуљица“, каде што водата се закануваше да навлезе во внатрешноста.

Ветер ги носи пластичните лежалки низ плажата на Раб (ВИДЕО)

Првите повици за помош почнаа да пристигнуваат непосредно пред 13 часот, по што речиси сите расположиви сили излегоа на терен, пишува порталот Раб Данас. Командирот на Доброволното противпожарно друштво Раб, Миливој Личина, рече дека двете противпожарни служби од островот реагирале веднаш.

„Интервенциите се однесуваа на испумпување вода од јавни згради и семејни домови, спасување чамци од тонење, поправка на урнат столб од телекомуникациската мрежа, миење на јавни површини од наслаги од кал и испитување на урнати ѕидови“, рече Личина, опишувајќи го обемот на бурата.

Најголемата штета во Лопар

Фиуман објави видео на кое се гледа како ветерот носи пластични лежалки низ песочна плажа.

Погледнете го видеото:

Во најинтензивниот дел од интервенциите, истовремено беа ангажирани пет екипи од Противпожарната служба на Раб и целата противпожарна служба на Лопар.

Најголема материјална штета е забележана во Лопар. Локалната Противпожарна служба на Раб, со помош на возило за работа на висина од Противпожарната служба на Раб, ги поправи покривите на две семејни куќи. Работата на пожарникарите беше дополнително отежната од многу неповолните временски услови, според порталот Раб Данас.

Поради големата количина на дожд, вода се насобра во атриумот на градинката „Пахуљица“ и во детското игралиште. Постоеше ризик водата да навлезе во внатрешноста на градинката и да предизвика голема материјална штета. По повикот од градинката, екипите на Противпожарната служба на Раб брзо пристигнаа на местото на настанот и ја испумпаа и отстранија насобраната вода. Раководството на градинката им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер