ТехнологијаНАСА открила дека на Месечината има повеќе вода, отколку што се веруваНа Месечината нема проточна вода како на Земјата, но научниците објавија дека водата на тој сателит е почеста отколку што се верувало порано затоа што молекулите на водата се заробени во минерали на површината.Истражувањето уште пред 11 години претпостави дека водата во мали количини е релативно распространета на Месечината, а група научници сега го објавија првото несомнено откривање на молекулите на водата на површината на тоа вселенско тело. Во исто време, друга група објави дека на Месечината има скоро 40.000 квадратни километри вечни сенки кои потенцијално содржат скриени залихи на вода во форма на мраз. Релативно богатото присуство на вода на Месечината може да биде важно за идните мисии на астронаутите и роботите кои ќе извлекуваат и користат вода за пиење или како состојка на горивото. Тим предводен од Кејси Хонибал од НАСА во центарот Мериленд открил молекули на вода на површината на Месечината заробени во природно стакло и други наслаги. Претходните истражувања не можеле точно да утврдат дали навистина станува збор за вода или поврзан хидроксил, но новиот метод јасно покажал дека станува збор за вода. "Многу луѓе мислат дека е откриен мраз, и тоа не е точно. Тоа се само молекули на вода, толку одделени што не се спојуваат во мраз или проточна вода", рече Хонибал. Друга студија, исто така објавена во научното списание „ Nature Astronomy“, се фокусирала на таканаречените „ладни стапици“ на Месечината, области што се во вечна сенка и каде температурите се под минус 163 степени Целзиусови. Доволно е ладно што замрзнатата вода може да преживее милијарди години. Користејќи податоци од вселенското летало на НАСА „ Lunar Reconnaissance Orbiter“, научниците предводени од Пол Хејн од Универзитетот во Колорадо откриле десетици милијарди мали сенки, не поголеми од монети. Повеќето од нив се наоѓале во поларните региони. „Нашето истражување покажа дека голем број на претходно непознати региони на Месечината може да содржат замрзната вода“, рече Хејн. „Нашите резултати сугерираат дека водата може да биде многу пораспространета во поларните региони на Месечината отколку што се сметаше порано, што го олеснува пристапот, извлекувањето и анализата.” НАСА планира да ги врати астронаутите на Месечината и таа мисија се смета за вовед во патувањето на човекот на Марс. Пристапот до водата на Земјиниот сателит би помогнал во тој потфат. "Водата не е ограничена на поларниот регион. Таа е многу пораспространета отколку што верувавме", нагласи Хонибал. Сè уште не е познато како водата стигнала до Месечината. „Потеклото на водата на Месечината е едно од оние големи прашања на кои се обидуваме да одговориме преку ова и други истражувања“, рече Хејн, додавајќи дека се сомневаат во комети, астероиди и други соларни честички, како и во соларни ветрови, па дури и од самата Месечина. Хејн додава дека разбирањето на потеклото на водата на Месечината ќе открие и како таа завршила на Земјата, што исто така е едно од отворените прашања на науката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку три лица загинаа во руски напад на УкраинаТри лица загинаа, а четворица други се повредени во руските напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија денес локалните власти.Вршителот на должноста шеф на Воената администрација на Запорожјето, Михаил Семикин, во објава на Телеграм изјави дека маж и жена се убиени во напад врз автомобил во Новотавриске, Запорожје, пренесува Укринформ. „Непријателот удрил автомобил што минувал низ селото. Автомобилот се запалил, при што загинале маж и жена“, рече Семикин. Тој рече дека уште едно лице загинало, а четворица други се повредени во нападот на руските трупи врз Комишувас, Запорожје. Семикин додаде дека една куќа е уништена во нападот врз селото, а неколку други во близина се оштетени.Тагови: руски напад украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаШвајцарија денеска гласа за забрана за соработка со НАТО и за санкциите Швајцарците денес на референдум одлучуваат за уставните измени, кои драстично би ја заостриле политиката на неутралност. Предлогот би ѝ забранил на земјата соработка со НАТО и воведување економски санкции кои не биле одобрени од Советот за безбедност на ОН. Иако Швајцарија е меѓународно призната како неутрална земја од 1815 година, начинот на кој владата ја спроведува таа политика не е прецизно дефиниран со уставот, што отвори простор за различни толкувања, пишува Ројтерс. Иницијативата за референдумот ја покрена десничарската Швајцарска народна партија (SVP). Тие веруваат дека владата во Берн ја прекршила традиционалната неутралност кога вовела санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина. Кампањата била придружена со постери со бели гулаби кои повикуваат на гласање за неутралност и против војната. Сепак, анкетите покажуваат дека предлогот веројатно ќе биде отфрлен. Според едно од најновите анкети, 68 проценти од испитаниците се противат на него, додека 31 процент го поддржуваат. Мислењето на експертите и јавноста Фабио Васерфален, професор по европска политика на Универзитетот во Берн, вели дека Швајцарците ја поддржуваат неутралноста, но и начинот на кој владата моментално ја спроведува. „Тие исто така генерално ги поддржуваат санкциите кон Русија поради војната во Украина и не сакаат тоа да се промени“, додаде Васерфален. Што носи предлогот? Иницијаторите на иницијативата бараат уставна одредба според која Швајцарија не треба да се придружи на никаков воен или одбранбен сојуз, освен ако не биде директно нападната. Исто така, би ѝ било забрането да воведува какви било санкции против други држави, освен оние одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации. Аргументи за и против Поддржувачите тврдат дека неутралноста на Швајцарија добро ѝ служела во минатото и ја спречила да учествува во двете светски војни. Тие исто така веруваат дека таков статус му овозможува на Берн да дејствува како посредник во мировните преговори. „Швајцарија не војувала 200 години затоа што е трајно вооружена и неутрална“, рече Кристоф Блохер, милијардер и еден од главните поддржувачи на иницијативата од редовите на СВП. Тој за Ројтерс изјави дека „неутралноста е помалку почитувана во последните години“ и дека Русија сега ја гледа Швајцарија како страна во конфликтот поради воведените санкции. На предлогот се спротивставуваат швајцарската влада и повеќето политички партии. Министерот за надворешни работи Игнацио Касис предупредува дека усвојувањето на иницијативата би штетило на националната безбедност и би ги оневозможило воените вежби со НАТО и соседните земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаРистески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение. Со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка. Со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално. Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат. Токму тоа го овозможува ова решение, кое се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус. Тоа е директна и практична придобивка: студентската превозна картичка ќе биде во мобилниот телефон, а заверката на статусот ќе се одвива без обиколување шалтери. Потребите на младите мора да бидат високо на агендата на локалната власт. Условите во кои студираат, пристапот до услуги и времето што го трошат за административни обврски се прашања што заслужуваат внимание и конкретни решенија. Поддршката за младите се покажува и преку способноста да се реши проблем што тие го посочиле. Да се поедностави постапка. Да се отстрани непотребна обврска. Да се овозможи услугата да се добие побрзо и полесно. Затоа ја поздравуваме заложбата на градоначалникот и на ЈСП, како и вклученоста на универзитетите во оваа подготовка на ова решение. Очекуваме претстојната имплементација да го донесе токму она што студентите го бараат: едноставен и функционален начин за користење на правото на бесплатен превоз. За почетокот на примената и за начинот на активирање на дигиталната картичка, студентите ќе бидат навремено известени. Ние, како УМС, ќе продолжиме да ги отвораме темите што се важни за младите во Скопје и да се залагаме нивните иницијативи да стануваат реалност. Ќе го следиме спроведувањето на оваа промена и ќе ги пренесуваме предлозите и забелешките на студентите. ВМРО-ДПМНЕ работела и ќе продолжи да работи во интерес на младите. Нашата обврска е таа определба да ја претвораме во конкретни постапки и резултати. Помалку време пред шалтери значи повеќе време за предавања, испити и личен напредок. Токму тоа треба да им го овозможиме на студентите, рече Љупчо Ристески претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter