Наредните два месеца во Грција ќе се игра фудбал пред празни трибини

До 12 февруари 2024 година, на навивачите ќе им биде забранет влез во натпреварите од фудбалската Суперлига во Грција.

Ова го соопшти портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Ова е конкретен чекор во борбата против хулиганите, кои со децении вршат насилство на трибините.

Последниот инцидент беше виден во четвртокот кога полицаец беше тешко повреден за време на нередите на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Во таа прилика полесно се повредени десетици полицајци, а уапсени се најмалку 400 хулигани.

Оваа одлука важи и за европските натпревари, па ТСЦ во четврток ќе игра против Олимпијакос без присуство на публика.

Премиерот Мицкоски во работна посета на Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во Брисел, како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари и состанок со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Состанок е предвиден и со Генералниот директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) Герт Јан Компан.

Оваа дипломатска средба на Претседателот на Владата Мицкоски е со цел интензивирање на досегашната соработка и е важна за процесот за пристапување на Македонија кон Европската Унија. На состаноците ќе бидат опфатени низа прашања кои се однесуваат на регионална стабилност, зголемена економска соработка, усогласување на реформите со европските стандарди, владеење на правото и бескомпромисната борба на Владата против корупцијата и криминалот, се наведува во соопштението од Владата.

Премиерот денеска на новинарски прашања за посетата изјави дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси. Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и ќе бидеме членка на ЕУ.

Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.

- Први и најквалитетен документ, којшто долги месеци беше во застој. Со формирањето на Владата тоа го поднесовме во канцеларијата на Европската комисија тука во Скопје, а потоа да тоа пристигне во Брисел. Тоа е целта на мојата посета и работен ручен со старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече Мицкоски.

Доколку стане збор за евроинтеграцискиот процес, како што рече, се разбира тој што треба да ги брани и да ги одбрани македонските национални интереси, како што беше и во минатото, кога беше во опозиција, така и сега како Влада.

- Дури сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори. Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние, изјави Мицкоски порачувајќи македонските граѓани да бидат сигурни дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.

На новинарско прашање дали ставот што го има околу уставните измени со одложено дејство може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски одговори дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање.

-Не би сакал да коментирам, позицијата на ВМРО ДПМНЕ, позицијата на Владата е јасна. Мојата позиција е јасна. Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија, изјави Мицкоски.

Се останато, дополни, се приказни и замки на коишто како Влада, а ниту пак јас како човек имам намера да наседнувам.

Анчелоти: Невозможно е да доминирате 90 минути, но Реал победи и тоа е најважно

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја пофали играта на тимот над Штутгарт синоќа во натпреварот од 1. коло од генералната фаза на Лигата на шампионите.

Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и заврши со резултат 3:1 во корист на „Кралевите“.

Реал Мадрид нема ниту еден пораз од седум меча оваа сезона.

- Поминав 200 натпревари и не се сеќавам на ниту еден лесен. Секогаш е борба на почетокот на сезоната кога не си во најдобра форма. Имавме многу шанси предвреме да го завршиме натпреварот, а потоа повторно најдовме сили да постигнеме гол. Невозможно е да се доминира 90 минути, а Штутгарт одлично ја контролира топката. На почетокот ни беше тешко бидејќи загубивме многу дуели. Беше важно да победиме, а ние победивме и тоа е најважно, изјави Анчелоти за „Marca“.

Избраниците на Анчелоти на 2 октомври ќе играат против Лил во Лигата на шампионите.

По есенската кошница, ќе има и божиќна, велигденска,рамазанска, ...

По есенската кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,..., за мерката консултирани и производителите и трговците.

Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците.

Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни.

Тој најави дека покрај есенска кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,... зашто обично, нагласи, во периодот пред и за празниците, трговците секогаш ги зголемуваат цените.

[– Çmimet nuk do të ngrihen, por do të kufizohet marzha bruto e fitimit e qindra produkteve ushqimore bazë deri në 10 për qind, njoftoi sot ministri i Ekonomisë dhe Punës, Besar Durmishi.]

-Минатите денови имав состанок со коморите. Ги слушнав нивните барања, ги слушнав забелешките и од производителите и од трговците. Направивме заеднички предлог што Министерството го достави до Владата. Наредната седница очекуваме предлогот да се усвои - бруто профитната маржа да се ограничи до 10 отсто за сите основни прехранбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро известени, мислеле дека оваа мерка ќе биде долгорочна, но ние ги информиравме дека мерките се само за празници, со ограничено времетраење. На пример, одлуката за есенската кошница ќе трае еден месец, потоа ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска,... Се знае дека во овие временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените, истакна Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по Меѓународната конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија".

Според него, ова се прави за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

-Мерките се во интерес и на граѓаните и на државата. Предлогот е есенската кошница да трае еден месец, но на Влада ќе се дискутира. Ќе видиме кои се другите предлози, од другите министерства. Досега одлуките сме ги носеле низ разговор, отворено и транспарентно. Формиравме работни комисии од министерствата за економија, за земјоделство и за финансии, а, како што реков, ги слушнавме и коморите. Не донесуваме одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни, рече Дурмиши.

притисни ентер