Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност
1Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност
Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
ФудбалНаполи убедлив против ИнтерФудбалерите на Наполи забележаа значајна победа со 3:0 против Интер на првиот натпревар од 15.коло од Серија А.Со новите бодови Наполи го задржа чекорот со екипите од врвот, додека Интер ја прекина серијата од три натпревари без пораз. Вечерва се игра еден натпревар од оваа рунда, Јувентус е домаќин на Аталанта. Шест натпревари на програмата се утре: Милан – Кротоне, Лацио – Рома, Пескара – Каљари, Сампдорија – Торино, Сасуоло – Емполи и Фиорентина – Палермо. Последните два дуела од 15.коло се играат в понеделник: Киево – Џенова и Удинезе – Болоња. Табела: Јувентус 33 бодови, Рома 29, Милан 29, Лацио 28, Аталанта 28, Наполи 28, Торино 25,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадностОпштината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност, затоа во недела да излеземе сплотени и да заокружиме број 1.„Овој поглед ме прави горд и ми дава дополнителна сила да продолжиме да ја негуваме и да ја сочуваме силата на единството. Кога ве гледам пред мене сите сплотени и обединети е порака дека Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот. Таа е и обврска резултатите да продолжат, а и доверба што треба да ја оправдаме со конкретни дела“, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски на денешниот завршен митинг пред вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат во недела на први ноември. „Вечерва ви се обраќам како ваш пријател, познаник и сосед, како човек кој ја сака Брвеница и сака нашата општина да биде успешна. Во изминатиот период со многумина од вас ја споделив својата визија за иднината на општината, секој разговор, секоја средба, секоја искажана потреба се одговорност, а таа одговорност бара посветеност, присуства на терен и конкретна работа. Во наредните години, пред нас се важни предизвици, тоа се проблеми со водоснабдувањето, локални патишта, зимско одржување, условите во училиштата и можностите за младите. Сите овие прашања бараат сериозен пристап, планирање и решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните“, истакна Радичевски. Тој упати порака дека Брвеница не припаѓа ниту на една партија, ниту на една етничка заедница, туку припаѓа на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничката, верската или политичката припадност. „Сакам да бидам јасен, оваа општина не припаѓа на една партија, ниту на една етничка заедница. Брвеница е на сите што живеат овде во Брвеница, Седларце, Стенче, Волковија, Блаце, Милетино, Радиовце, Челопек и Гургурница, на сите без исклучок. Никој не треба да биде исклучен, потценет или заборавен, ќе продолжиме да живееме едни покрај други, да ги споделуваме истите предизвици и да работиме за подобра иднина. Нашето заедништво е вредност што треба да го чуваме. Брвеница има потреба од дијалог, меѓусебна почит и заедничка одговорност. Македонци, Албанци, Турци и припадници на сите други заедници треба да имаат еднакви можности, достоинствени услови за живот и перспектива на своите семејства. Нашата визија треба да биде насочена кон иднината, кон развојот, кон конкретни резултати. Развојот на општината не смее да познава поделби. Секое населено место заслужува внимание, секој граѓанин заслужува почит, а секоја добра идеја заслужува поддршка“, потенцираше Радичевски. Радичевски истакна дека можностите за младите, квалитетно образование, подобра инфраструктура и создавањето на услови за економски развој се приоритетите што бараат долгорочна посветеност, затоа што младите треба да имаат можност да ја градат својата иднина покрај своите родители и покрај своето семејство и на своето огниште, да имаат можност да работат, да создаваат, да ги градат своите домови во општината во која пораснале. Една Брвенца за сите, додаде Радичевски, е визија на долгорочен и рамномерен развој, тоа е идејата што ги опфаќа сите населени места, сите генерации и сите граѓани, зошто Брвеница има потреба од заедничка одговорност, соработка и конкретни проекти што ќе донесат подобар живот и нашата иднина ќе ја градиме со јасни приоритети, со посветеност и со почит кон секој човек. „За нашата општина, за нашите деца и за нашите идни генерации, во недела ве повикувам да ја продолжиме идејата за една Брвеница за сите, да гласаме за бројот 1, да ја заокружиме заедничката победа, да ја сочуваме силата на единството. Една Брвеница за сите“, повика на крај кандидатот за градоначалник, Стојанчо Радичевски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
НаукаМарсовскиот метеорит, пронајден во Сахара е стар 4,1 милијарди години: Ова е камен од Розетата за Црвената планета Кога во Сахара во 2022 година беше пронајден розов метеорит, никој не знаеше колку е стар или од каде доаѓа. Дури кога научниците од американската вселенска агенција НАСА го датираа минералот и сфатија дека карпата од 800 грама е дел од Марс кој се формирал пред повеќе од 4,1 милијарди години. Тоа го прави метеоритот најстариот досега пронајден од Црвената планета, соопшти НАСА. Именуван Тегаза 001 по висорамнината во Мали каде што е откриен, тој е еден од околу 435 марсовски метеорити што досега се пронајдени на Земјата. Во студија објавена во списанието Science, истражувачите ги опишаа карактеристиките на Тегаза 001, редок поглед во древната кора на Марс и како таа се формирала. Она што научниците ќе го откријат од карпата во иднина би можело да одговори на многу прашања за Марс, особено за тоа како водата комуницира со карпите. Посебна студија објавена ова лето во Science Advances го детализираше составот на метеоритот и количината на вода во него. „Дури откако почнавме детално да го проучуваме, сфативме дека овој метеорит е навистина уникатен. Еден од рецензентите го нарече Камен од Розета за Марс“, рече Јанг Лиу, главен автор на студијата и научник во Лабораторијата за млазен погон (JPL) на НАСА. Тегазу 001 се разликува од другите марсовски метеорити по својата текстура и возраст, како и по уникатноста на неговите минерали. Тој е еден од трите најстари марсовски метеорити на Земјата. Меѓу нив се ALH84001, кој има само еден минерал и е приближно на иста возраст како Тегазу 001, и „Црната убавица“, која се формирала пред околу 2,1 милијарди години. Тегазу 001 е мешавина од минерали што дава слика за тоа како се формирала кората на планетата додека магмата се ладела. - Ова е навистина првото парче марсовска кора од дел од Марс од кое никогаш порано не сме имале примерок. Снимено е интеракција со вода и карпи, а можеби дури и има атмосферски отпечаток кога се губи вода, рече Ли Сапер, постдокторски соработник во JPL во времето на пишување на трудот, а сега научник во истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА.Тагови: марс Сахара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва хеликоптера се судрија во Орегон, нема преживеани Три лица загинаа кога два хеликоптера се урнаа во обработливо земјиште во близина на аеродромот Мекминвил, југозападно од Портланд, Орегон, соопштија властите.Пилотот Тајлер Стардевант (38), неговата инструкторка по летање Меди Асбо (22) и неименуван британски студент за обука на пилоти загинаа во несреќата, објави АП. Асбо и студентот биле во едниот хеликоптер, додека Стардевант бил во другиот. Едниот од хеликоптерите му припаѓал на школата за летање „Џери Тримбл Хеликоптерс“, која соопшти дека соработува со властите во истрагата и утврдувањето на причината за несреќата. Three people are dead after two helicopters collided in midair near an Oregon airport on Thursday, according to local authorities. Read more: https://t.co/YdZJ1Js86S https://t.co/6xZj58ircm — ABC News (@ABC) October 30, 2026 Според Федералната администрација за воздухопловство (FAA), се судриле хеликоптер „Робинсон Р22“ и хеликоптер „Ербас Х125“. FAA и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) истражуваат. Несреќата затвори дел од автопатот 233 и локалните патишта во близина на местото на несреќата. Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа, а сè уште не е познато кога ќе се воспостави сообраќајот.Тагови: Орегон хеликоптера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06