Нападнати сестрите Кардашијан поради тоалетна хартија : Одвратни , себични богаташки (ФОТО) - Канал 5

Нападнати сестрите Кардашијан поради тоалетна хартија : Одвратни , себични богаташки (ФОТО)

Кога Кортни Кардашијан на Инстаграм покажа како ја прелажала нејзината сестра Клои, веројатно не очекувала фановите да ја нападнат за тоа, но токму тоа се случило.

Нападнати сестрите Кардашијан поради тоалетна хартија : Одвратни , себични богаташки (ФОТО)

Кортни објави (а потоа и избриша) снимка од нејзиниот двор, откако синот на Клои и Кортни, Мејсон, насекаде расфрлал тоалетна хартија.

Корисниците ги навредуваа за трошењето тоалетна хартија во време кога има луѓе кои не можат да дојдат до неа и ги нарекоа расипани и себични.

"Тоа е како да не се бориме против пандемија и тоа е како луѓето да не се борат да добијат тоалетна хартија. Боже, како го мразам ова семејство".

„Ова само покажува колку се одвратни и себични богатите луѓе за време на пандемијата“.

„Смешен е фактот што Кортни Кардашијан смета дека е паметна идеја да се објави ова. Луѓето чекаат со часови во редови за да купат тоалетна хартија“.

„Продавниците го ограничуваат купувањето тоалетна хартија по едно пакување по лице, а Клои Кардашијан ја опсипува вилата на нејзината сестра“, се само некои од стотиците непријатни коментари на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер