Напад со дрон во Молдавија- уништен е хеликоптер на Приднестровје (ВИДЕО) - Канал 5

Напад со дрон во Молдавија- уништен е хеликоптер на Приднестровје (ВИДЕО)

Хеликоптерот Мил Ми-8 е уништен на аеродромот кај Тираспол, а се претпоставува дека нападот го извршил дрон.

Напад со дрон во Молдавија- уништен е хеликоптер на Приднестровје (ВИДЕО)

Леталото го користеле силите на непризнатата република Приднестровје на територијата на Молдавија, поради што повторно се зголемиле тензиите во оваа земја.

Хеликоптерот наводно бил уништен во неделата на 17 март на аеродромот во Тираспол, а на видеото објавено на социјалните мрежи јасно се гледа како познатиот објект со голема брзина се приближува до паркираниот хеликоптер и удира во него или веднаш до него, пренесува Аеро Тајм. . Во моментот на ударот дошло до експлозија во кабината на леталото, а според објавените видеа целосно изгорело во пожарот.

Се сомнева дека хеликоптерот бил уништен од камиказе дрон, иако е невозможно со сигурност да се потврдат таквите тврдења. Овој тип на оружје често се користел на бојното поле во Украина.

Според медиумите, Мил Ми-8 го користеле вооружените сили на Приднестровската Молдавска Република - територија која се отцепи од Република Молдавија, но чија независност светот не ја признава. OSINTdefender известува дека се верува дека дронот пристигнал од правец на Одеса, Украина.

Според порталот Revista 22 од 2022 година, сепаратистичките сили имаат само два Мил Ми-8 кои наводно не се оперативни поради недостиг на резервни делови.

Молдавските власти изјавија дека нивната земја не била вклучена во акцијата за уништување на хеликоптерот и сметаа дека овој чин е провокација. Тие исто така рекоа дека леталото долго време било приземјено и надвор од употреба.

Тензиите меѓу Молдавија и Русија, која де факто ја поддржува владата на отцепената територија, ескалираа во последните недели. Молдавија ја обвинува Русија дека планира дестабилизација во време кога се водат преговори за потенцијален прием на земјата во Европската унија.

Молдавија и Приднестровје водеа двегодишна војна по распадот на СССР. И покрај обидот на Кишињев да ја задржи контролата врз териториите кои беа дел од Молдавската Советска Социјалистичка Република, сепаратистите сепак успеаја да ги заземат областите на левиот брег на реката Дњестар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин

Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за  одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). 

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче  Петров, донирани од Гоу Грин

Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција.

Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје

Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница.

Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот, откриени детали за тоа што му рекле лидерите на Финска и Норвешка

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе воспоставија таен канал за комуникација со рускиот претседател Владимир Путин – со посредство на еден руски олигарх – во обид да спречат директен воен судир во Балтичкото Море.

Според „Волстрит џурнал“, двајцата лидери се обиделе да ги ублажат стравувањата на Москва во врска со можна поморска блокада и да спречат опасна ескалација.

Балтичкото Море стана една од најчувствителните точки на тензија меѓу Русија и Западот. Русија преку овие води транспортира повеќе од 60 отсто од својот извоз на нафта по морски пат – со што ја финансира својата воена економија – додека околните региони се граничат со земји-членки на НАТО.

Поради запленувањето на танкери што припаѓаат на руската „флота од сенка“, како и изјавите на одредени европски политичари за можното затворање на Финскиот Залив, во Москва расте загриженоста од можноста за поморска блокада. Како одговор, Кремљ нареди руските танкери да бидат придружувани од воени бродови опремени со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави.

Германската крајбрежна стража забележала 260 вакви случаи во текот на изминатата година. Тензиите дополнително се заострија поради инциденти на море.

Во јуни, руската корвета „Сообразителни“ за малку ќе се судреше со пловила на германската крајбрежна стража. Во септември, кон дански хеликоптер беа испукани сигнални ракети, додека во октомври беше блокиран пристапот до танкер кој наишол на проблеми во близина на островот Борнхолм.

Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), Москва во септември испратила и писмено предупредување до НАТО, во кое навела дека е подготвена да изврши превентивни нуклеарни напади за да ги заштити своите интереси на Балтикот – дури и во отсуство на директен напад врз руска територија.

Поради ризикот од неконтролирана ескалација, Пентагон кон крајот на октомври ги повика своите сојузници од балтичките земји да ја ублажат својата реторика. По ова, Хелсинки и Осло одлучија да се обидат директно да ја деескалираат ситуацијата. Бидејќи официјалните дипломатски канали не вродија со плод, Стуб и Сторе стапија во контакт со еден руски олигарх, кој отпатува во Норвешка на разговори со високи функционери. По овие консултации, тој се врати во Москва за да му ја пренесе пораката од двајцата лидери на Путин.

Претседателите на Финска и Русија, заедно со норвешкиот премиер, на 27 октомври остварија телефонски разговор. Во официјалното соопштение се наведува дека дискусијата била фокусирана на ставање крај на војната во Украина; сепак, „Волстрит џурнал“ (WSJ) пренесува дека двајцата европски лидери всушност се обиделе да ги отстранат стравувањата на Кремљ во врска со можна поморска блокада.

„Немаме намера да го блокираме Балтикот во мирнодопски услови – во тоа можете да бидете сигурни. Ќе постапуваме во согласност со законот“, изјавил Стуб за време на разговорот, според „Волстрит џурнал“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер