Наместо млеко- вода, млекарници лажно декларирале дека имаат дури и 92% повеќе млечни масти во производите - Канал 5

Наместо млеко- вода, млекарници лажно декларирале дека имаат дури и 92% повеќе млечни масти во производите

Агенцијата за храна и ветеринарство ги објави резултатите од контролите кај 10 оператори, каде е утврден помал процент на млечна маст и протени од наведениот на декларацијата кај кашкавали, сирења, урда и павлаки.

Наместо млеко- вода, млекарници лажно декларирале дека имаат дури и 92% повеќе млечни масти во производите

Агенцијата за храна и ветеринарство ги објави резултатите од контролите кај 10 оператори, каде е утврден помал процент на млечна маст и протени од наведениот на декларацијата кај кашкавали, сирења, урда и павлаки, но и употреба на палмина маст во производи што се продаваат како млечни. Според податоците на Агенцијата, најголеми отстапувања се утврдени кај ситното сирење од Млекарата ПК Златибор од Србија, каде анализите покажале околу 92% помалку млечна маст од декларираната, како и кај урдата од Млекарата Бела Фарм, исто така со потекло од Србија, кај која се утврдени речиси 80% помалку масти од наведеното на декларацијата. Кај Млекарата Норд Милк од Тетово пак, во млечна павлака со пиперка било утврдено присуство на растителни масти.

НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

• Милком – мешан кашкавал: декларирано 34,5% масти, утврдено 30%

• Маврово – мешано сирење: декларирано 24,5%, утврдено 17,5%

• Сентис АГ Тетово – УХТ млеко: декларирано 3,2% масти, утврдено 2,85%

• Сентис АГ Тетово – кисела павлака: декларирано 18% масти, утврдено 14%

• Ѓорѓиеви – козјо сирење: декларирано 23% масти, утврдено 16,3%

• ПК Златибор – ситно сирење: декларирано 14,3% масти, утврдено 1,19%

• Бела фарм – урда: декларирано 25% масти, утврдено 5,54%

• Продукт бренд – кравјо сирење: декларирано 15% масти, утврдено 11,4%

• Тетовска млекара – мешано сирење: декларирано 23% масти, утврдено 19,8%

• Норд Милк – млечна павлака со пиперка: утврдено присуство на растителни масти

Во меѓувреме, граѓаните реагираат дека ваквите случаи ја сериозно ја нарушуваат довербата во она што секојдневно и без размислување го купуваат од маркетите. Незадоволни се и од висината на изречените казни кон операторите, кои во се движат меѓу 1.000 и 3.500 евра. Сметаат дека контролите треба да бидат почести, а санкциите построги.

Дека се потребни повисоки казни за ваквите практики сметаат и од Организацијата на потрошувачи. Оттаму велат дека единствениот начин граѓаните да бидат сигурни во квалитетот на производите е да можат да се потпрат на информациите наведени на декларацијата, а во овој случај токму таа доверба била нарушена.

„Сметам дека треба да се покачат казните да бидат повисоки бидејки во овој случај тие 1000 евра што се казнети оние кои произведуваат, за нив не значат ништо бидејки тие повеќе заработиле од колку што се казнети.“

Со реакција излегоа и сточарите, кои велат дека со месеци предупредувале на сомнежи за употреба на палмино масло во млечните производи. Според нив, намалената побарувачка за сурово млеко е дополнителен показател за ваквите практики.

И од АХВ и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, уверуваат дека засилените инспекциски контроли ќе продолжат и во наредниот период и дека сите проблематични производи биле повлечени од продажба и уништени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер