Намелете 5 килограми за 4 дена со помош на диета со праски (мени)

Диетата базирана на праски е многу кратка, ефикасна и трае само четири дена.

Ова сочно и вкусно овошје може да ви помогне да го наполните своето тело со витамини за време на самото траење на диетата.

Немојте да мислите дека покрај овошјето во деновите на диета не можете да конзумирате и други намирници. На телото му се потребни протеини, а нив ги нема во праските.

Прв и трет ден

Појадок: две средни праски.

Ручек: 200 грама сирење, фрапе од праски

Вечера: две големи или 3-4 помали праски.

Втор и четврти ден

Појадок: чаша сок од праски, две варени јајца и парче тост.

Ручек: 4 праски, 50 грама сирење со парче ‘ржан леб.

Вечера: 3-4 праски.

Ако не ви се допаѓаат праските, можете да користите нектарини, или кајсии.

Со оваа диета за само четири дена, можете да изгубите до 5 килограми.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер