Највисока оценка од „Дејли телеграф“ за рециталното издание на Трпчески за „Вигмор хол“

Со највисока оценка од 5 ѕвездички, рецензентот на угледниот лондонски „Дејли телеграф“ го поздравува излегувањето на рециталното издание на нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески за престижната етикета на „Вигмор хол“.

Салата „Вигмор“ во британската престолнина е првата концертна сцена за класична музика во светот што има своја сопствена ЦД-етикета, во чии рамки на носач на звук се претставени настапите на најпознатите светски музички ѕвезди. Има распоред од над 400 настани годишно, за кои се продаваат 165.000 билети.

На својот најнов компакт-диск, Трпчески пред пошироката јавност ја претставува својата изведба во живо на престижниот подиум во салата „Вигмор“ од 18 март 2012 година. Концертната и ЦД-програма ја отвораат „16-те германски танци“ и „Фантазијата Вандерер“ од Франц Шуберт, а продолжува со дела од Бах и Лист, како и со изведбите на бис од незаборавната концертна вечер што го вклучува и Шопен.

- Едноставно мора да ги слушнете 16-те германски танци на Шуберт за да ги увидите височините на интерпретативната задача на Симон Трпчески, истакнува музичкиот критичар на „Дејли телеграф“ Џефри Норис, кој поентира дека „неговото созревање е радост да се доживее. Тој проширувањето на својот репертоар го прави со мудрост и стилска проникливост“.


За својот најнов компакт-диск, Трпчески за Македонското радио вели: „Навистина е голема одговорност да се снима цеде во живо... Но чистата магија честопати е токму во изведбата во живо. Се надевам дека ова цеде ќе и се допадне на публиката и дека ќе ужива во него.


По стоечките овации што ги собра во шведската престолнина на настапот со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм, рециталниот распоред веќе в недела го води нашиот пијанист во Беркли, Соединетите Американски Држави, каде што ќе изведе дела од Шуберт и Лист – програма и за новото претставување во Ванкувер, Канада.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер