Најубавото девојче на светот порасна во преубава девојка (ФОТО) - Канал 5

Најубавото девојче на светот порасна во преубава девојка (ФОТО)

Пред 10 години Тајлан Блондо ја заслужи престижмната титула „најубаво девојче на светот“.

Најубавото девојче на светот порасна во преубава девојка (ФОТО)

Денес младата Французинка има 18 години. И изгледа фантастично!

17 !!!!!! 💋🎊🎁🎂

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau) on

Оваа 18-годишна девојка се појави на модната ревија на Миу Миу на Модната недела во Париз и изгледаше одлично во темна дизајнерска јакна од тексас.

Тилан имаше мини фустан под јакната што ги откри нозете, а носеше чорапи на Миу Миу и компактни чизми.

Таа ја кренала косата во голема опашка и го засили нејзиниот гламурозен изглед со бронзена шминка и ајлајнер.

Многу другите sвезди како Ања Тејлор-Џој, Алекса Чунг, Пикси Гелдоф и Луси Хејл и се придружија во оваа модна ревија.

Некогаш најубавото девојче на светот сега е повторно во центарот на вниманието, и сепак е професионална манекенка.Во септември, Тајлан учествуваше во Модната недела во Милано и се прошета по пистата за модниот бренд Byblos. Подоцна го објави лансирањето на сопствен моден бренд.

Тајлан исто така работи како амбасадор за L'Oréal, како и трговска марка на парфемот на францускиот моден дизајнер Лолита Лемпик. Таа се појави и во Пролетната кампања Dolce & Gabbana за 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

За десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози.

Доцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина дена

Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип.

Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б.

Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври.

Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Сериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт и излегување од законските надлежности – ова го утврди Судскиот совет по претставката против претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Поднесена е од околу 70 вработени во судот според кои Манев се мешала во надлежностите на судскиот администратор и во планот за користење на годишните одмори, дека спроведувала постојана контрола над судската служба и дека двојната евиденција на присуство, честото повикување на одговорност и начинот на комуникација создале атмосфера на притисок и заплашување. Навеле и дека Манев се служела со навредливи и омаловажувачки изрази, јавни критики пред странки, како и навреди на национална основа. Судскиот совет сепак заклучува дека иако претставката е основана, не значи дека секој поединечен навод е докажан.

-Не станува збор за изолирано незадоволство на 4-5 лица како што наведува во одговорот претседателката. Напротив, утврденото укажува на широко распространето незадоволство на нарушената работна атмосфера која е создадена. Од основаноста на претставката не произлегува дека е докажан секој поединечен навод и од вработените и од претседателката,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет .

Манев ги отфрла обвинувањата и вели дека од вработените барала само дисциплина и одговорност.

„Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и крајно ангажирани за извршување на своите работни задачи. Како судија и претседател на суд не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, навела -Снежана Манев – Претседател на Основен суд Куманово во одговорот до Советот.

Сега се очекува извештајот од работната група која го посети судот, по што ќе се разгледаат понатамошните дејствија.

-Судскиот совет донесе одлука дека таа претставка е основана и дека очигледно има некои проблеми во тој суд кои долги години се провелкуваат. Судскиот совет ќе преземе се што е во негова надлежност овие проблеми да бидат надминати. Во очекување сме на извештајот од работната група којашто го посети судот, ќе се преземат понатамошни дејствија по претставката. Дополнително увид ако има потреба и ќе не извести согласно новиот деловник дали и понатаму има потреба да се преземе или не. Во секој случај ние ќе се насочиме кон тоа работите во тој суд да се средат бидејќи таму долги години постојат проблеми. Во многу скоро време ќе излеземе со решение,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

На денешната седница беше усвоен и новиот деловник за работа кој се усогласува со новиот Закон за Судски совет. Дел од новините предвидуваат промени во начинот на гласање при избор на судии и унапредувања односно ќе се гласа за сите кандидати на листата и на крај тој што добил најмногу гласови ќе биде избран. Се предвидува и постапка за одговорност на претседателот, заменикот и самите членови на Судскиот совет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на фалсификување на возачки дозволи - кривична против вработена во МВР и уште пет лица

Со сопствената службена шифра влегувала во електронскиот систем на МВР, менувала податоци и овозможувала издавање возачки дозволи со категории за кои барателите не ги исполнувале законските услови.

Нов случај на фалсификување на возачки дозволи - кривична против вработена во МВР и уште пет лица

Внатрешната контрола поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и вработена во Министерството како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи Скопје, осомничени за фалсификување возачки дозволи.

Првопријавената службеничка се сомничи дека околу година и половина незаконски додавала возачки категории на четири лица, по што ги одобрувала и нивните барања за издавање дозволи.

Кривична пријава е поднесена и за уште едно лице кој посредувал во постапките за впишување на незаконските возачки категории. Останатите четворица се сомничат дека свесно поднеле барања за категории за кои не ги исполнувале потребните услови каде еден од нив потоа откако ја стекнал фалсификуваната дозвола со незаконски додадена „А“ категорија ја употребил и ја минал и државната граница.

-Првопријавената Т.С., вработена во МВР како „помлад советник за патни исправи“ во Одделението за управни работи Скопје при Одделот за граѓански работи, се сомничи за четири кривични дела „фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик. Таа, во периодот од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година, користејќи ја својата шифра, во електронскиот систем незаконски менувала податоци во постапките за издавање возачки дозволи на четири лица. На нивните барања биле додавани категории за кои не ги исполнувале законските услови, по што барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи– вели– Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Новиот случај на фалсификување на возачки дозволи доаѓа само една недела по судскиот епилог на друг предмет за иста причина, во кој повторно беше опфатена вработена во МВР.

Во претходниот случај службеничкта беше осудена на две и пол години затвор за фалсификување возачки дозволи со категории за камиони и автобуси, додека двајцата возачи опфатени во предметот добија по една година и три месеци затвор откако сите тројца ја признаа вината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер