Најубавиот Волво се врати и покажа како се снаоѓа на снег (ВИДЕО) - Канал 5

Најубавиот Волво се врати и покажа како се снаоѓа на снег (ВИДЕО)

Volvo P1800 е толку посакуван што едноставно мораше да се врати, но не во гаража за колекционерите, туку на патека покриена со снег во неговата родна Шведска.

Најубавиот Волво се врати и покажа како се снаоѓа на снег (ВИДЕО)

Нема сомнение дека P1800 е едно од најуспешно дизајнираните купеа, не само во рамките на Volvo, или во Европа, туку во целата автомобилска историја. Дури и денес, неколку децении по прекинот на производството, тоа предизвикува восхит носталгично потсетувајќи на времето кога LED диодите не беа максималниот опсег на дизајнерите, а индивидуалниот автомобил можеше да се препознае од голема далечина.

P1800 навистина се врати, благодарение на Cyan Racing. Накратко, она што е Singer за Porsche 911, тоа е овој бренд сега за Volvo и неговиот P1800. Реинкарнираниот модел има изобилство на технолошки напредни решенија, но истовремено и без електронски помагала. И токму затоа излезе на пат покриен со снег, и се испроба на ледената површина на езерото Аре.

„Нашата цел е да направиме автомобил со основен дизајн што ќе му овозможи на возачот да ги знае своите граници, наместо да се потпира на електронските помагала како повеќето модерни суперспортски автомобили. Се работи за одговор на моторот, рамнотежа на шасијата и малата тежина, правејќи го автомобилот разигран и забавен . “, објаснува Матијас Евенсон, раководител за развој на овој автомобил.

YouTube video

Поранешниот Polestar Racing ја направи вистинската работа за која што само се вели дека има 2.0 турбо мотор со 420 КС и 470 Nm и петстепен мануелен менувач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Христијан Мицкоски ја започна предизборната кампања без ниту еден резултат во ниедна област.

СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Економија, земјоделство, здравство, образование, дипломатија - баш ништо.

Народот едвај крпи крај со крај. Потрошувачката кошница чини околу 70.000 денари, а минималната плата е 26.000 денари. Индустријата е во пад.

Мицкоски веќе претрпе пад на гласови на локалните избори. Сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања од кампањата.

Изгуби повеќе од 150.000 гласови.

Парите во буџетот за партиски тендери се сѐ помалку. Тендерите на коалицијата го чинат многу.

Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани.

Изборите ги распишува Вучиќ, мора и тој. Не може да издржи уште едни изгубени избори на своите ментори, како што беше со Орбан.

Му треба нова кампања. На национална основа, затоа што само тоа му остана.

Што е новото? Старата тема. Меѓуетнички тензии и односи во Македонија. Измислен судир со граѓаните Албанци. Сѐ во режија на Александар Вучиќ.

Сателитите во Македонија добија нова задача, а поддршката пристигнува од регионот.

Мицкоски мора да исценира нов проблем за да ги собере своите тврдокорни гласачи - својата база.

Веќе еднаш го гледавме ова, исто како во времето на Груевски. Ново рециклирано решение од минатото.

Со ова не само што му прави услуга на својот шеф и „брат“ Вучиќ во неговата кампања, туку и на себеси.

Затоа во Македонија, кај Стоилковиќ на гости, пристигна претседателот на СНС Милош Вучевиќ.

Прво беше Вучевиќ па сега и Мацут. Инструкции.

Српските медиуми за неколку дена почнуваат со работа.

Новинарите се веќе на своите позиции, само да го притиснат старт-копчето.

Латас ја зеде својата диригентска палка и, заедно со Орбановите 40 %, добива тешка српска артилерија во вид на Вучиќевата „ало-група“ и лиценцата на Euronews, која ќе ја води Ивона Талевска.

Времето на поделби почнува.

Стартот го свиреше Мицкоски на Илинден.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза по моделот на Ванчо Михајлов започнува.

Сѐ тоа според познатиот Гебелсов пристап: „Колку повеќе и погласно, толку повеќе вистина!“

Првата акција беше веќе вчера - провокацијата на Мицкоски во Мала Преспа.

Реакцијата од Албанија, веќе пристигна.

Ова е само почеток.

Кампањата почнува.

Граѓани, гледајте.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри

​Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри.

Сиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри

Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку и колективниот и националниот идентитет.

Спортските резултати и успеси, напомена таа, го јакнат единството на младите, надминувајќи ги разликите.

Таранто, како спортски мегдан деновиве, смета таа, ќе биде место на коешто нашите спортисти имаат шанса достоинствено да ја претставуваат државата.

Претседателката ги охрабри натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата е највредна кога е извојувана во фер борба.

Сиљановска-Давкова ги охрабри македонските спортисти на големата меѓународна сцена да ја покажат препознатливата македонска спортска сила, нескротливата борбеност и нескршливиот дух.

Медитеранските игри овозможуваат промоција на вистински вредности преку спортска дипломатија, верува претседателката.

Претставниците на Олимпискиот комитет ја информираа претседателката дека ова е четврто учество на македонски спортисти на Медитеранските игри од независноста, а таа е првиот претседател на државата што присуствува на истите.

На Игрите настапува најбројната македонска делегација досега, составена од 130 членови, од кои 88 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спортски дисциплини, во индивидуални и колективни спортови.

Посакувајќи им успех на сите натпревари, Сиљановска-Давкова им порача да веруваат во себе и преку витешка игра да ја манифестираат македонската спортска енергија на големата медитеранска спортска сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемен интензитетот надвор од градските средини

На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемен интензитетот надвор од градските средини

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер