3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
МетеоНајстудено во Тетово, Битола и БеровоСпоред прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Најниската температура во државава изутринава изнесува - 1 степен, во Тетово, Битола и Берово, по што следуваат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Mаврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, 2 Kрушево, Штип и Кавадарци, 4 Гевгелија и Охрид, пет Претор, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје, сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Тагови: студено УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан ЈовановскиПо кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009. Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи. Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство. Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје Нека почива во мирКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook