ЖивотНајстарите вински убавици, две тиквешки лози, стари повеќе од два века Најстарите вински убавици, две тиквешки лози, шпалир и одрина, гордо му пркосат на времето. Едната, полска, за неа сопственикот вели дека е стара повеќе од два века и другата урбана и со над едно столетие старост, во летната бавча на објект, среде Кавадарци. Соговорниците на МИА за оваа тема, нагласуваат дека кога се во прашање виновите лози, младоста не е предност и поим за убавина. Најсериозни претенденти за најдолговечна винова лоза, во најголемиот лозарско-винарски регион во Македонија, се 120-годишната лозница во некогаш култната и позната кавадаречка кафеана „Балкан" и старата лозница во нивата на кавадарчанецот Ѓоко Липтов – Бегот, за која тој тврди дека има над 200 лета и надживеала неколку генерации од неговото семејство. Ова го откривме трагајќи по најстарата лозница во регионот, а веројатно и во Македонија. -Не може со сигурност да се потврди која е најстарата лозница и колку години има, вели историчарот Петре Kамчевски, кој исто така истражувал на оваа тема. Камчевски е дециден дека не постојат точни податоци која е најстарата винова лоза во Тиквешко. – До пред некое време се веруваше дека е тоа лозницата во некогаш култната кавадаречка кафеана „Балкан". Така и напишав во книгата за лозарството и винарството во Тиквешијата низ историјата. Лозата е дебела како дрво, прекрасно изгледа, мами погледи и воздишки и е атракција и во новиот објект во центарот на градот. Згора на тоа, со својата крошна лете прави сенка во летната бавча на објектот, а раѓа и грозје. Се смета дека има 120 години, нагласува Kамчевски. Во прекрасниот изглед на таа винова лоза крај која во минатото пиеле и се веселеле овдешните боеми, се уверуваме секогаш кога ќе ја видиме. Таа е сведок на многу животни приказни, кои со години се случувале под нејзините крошни. Нејзината сенка ја зголемувала радоста и ја лекувала тагата на посетителите низ годините. Kамчевски посочува дека и една друга лозница е во трка за титулата најстара во Македонија. Тоа е лозницата во лозјето на Ѓоко Липтов, кој потекнува од стара кавадаречка фамилија и има прекар Бег. Неговото лозје се наоѓа во месноста Овчка Река, позната по квалитетното грозје кое се раѓа таму. – Моето убедување за староста на нашата лозница го темелам врз фактот што мојот татко и неговиот татко не ја посадиле таа лозница, ами ја затекнале во нивата исто како и јас, тврди Липтов. Тој со задоволство говори за лозницата за која кажува дека уште раѓа грозје. -Натоварена со огромни гроздаци, таква ја паметам откако знам за себе. Наредени еден до друг, а зрната правилно распоредени, како некој со машина да ги редел. Може да се забележи колку е дебела, распослана е на околу седум метри, вистинска убавица. Сите што ја виделе, се восхитуваат. Здрава е и силна оваа лоза, затоа толку долго живее и ни прави мерак, со љубов за лозницата говори Бегот. Од грозјето кажува дека го прави „најубавиот маџун на светот". Оти, како што додава, колку е лозата постара, толку е грозјето поквалитетно. Дека грозјето од стара лоза е тоа што се бара и дека може да биде вистинска атракција за вински туристи, слушнавме и од енологот Елена Богева. Богева нагласува дека најквалитетните вина во светот доаѓаат токму од најстарите лози, кои, патем речено, раѓаат помалку, ама поквалитетно грозје. – Старите лози не се за занемарување, туку треба да се земат предвид да се размножуваат, да се калемат. Ова особено важи ако се автентични лози од тиквешкото виногорје, тогаш имаат уште поголемо значење и треба да им се обрне особено научно внимание. Оти штом издржале толку години, значи се отпорни на суши и мразеви, болести и штетници и други непогоди. Тие се добра предност за развојот на лозарството, винарството и туризмот. Од добра и здрава лоза се добива одлично вино кое на туристите ќе им се понуди како автентично, додава Богева. За винскиот туризам и тоа како е важно да се знаат детали што може да бидат дел од една винска приказна, што би била магнет за алтернативните туристи, велат туристички работници со кои разговаравме. – Би можеле тие лози, за кои зборувате, да ги вклучиме во понудата за посета при доаѓањето на вински туристи, бидејќи нив ги интересира тоа што е поврзано со грозјето и виното. А развојот на туризмот е една од нашите цели, додаваат тие. Kонсултиравме и универзитетски професор, но одговорот беше дека засега не се располага со официјална информација, за тоа која е најстарата винова лоза во Македонија. Kавадарчани веруваат дека тој епитет може да го понесе една од овие две лози, со оглед на тоа што Тиквешко е најголемиот лозаро-винарски регион во државата, а има и археолошки докази за постоењето на лозаро-винарството на овие простори од многу одамна./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook