Најсилниот VW Tiguan има 320 КС, позната е цената(ФОТО) - Канал 5

Најсилниот VW Tiguan има 320 КС, позната е цената(ФОТО)

Најсилната изведба на популарниот теренец има извонредни перформанси, но и цена.

Најсилниот VW Tiguan има 320 КС, позната е цената(ФОТО)

Во самракот на класичните мотори од Volkswagen пристигнува втората R верзија наменета за најсложените возачи. Овој пат R пристигнува во форма на еден од најпопуларните модели во компактниот SUV сегмент, сеприсутниот Tiguan.

Tiguan R е придвижуван од 2.0 TSI мотор, со дури 320 КС и 420 Nm, и доаѓа во комбинација на DSG менувач и 4MOTION погон со R-Performance Torque Vectoring технологија. Преведено, ова значи дека SUV Volkswagen ќе достигне 100 km / h за само 4,9 секунди и ќе забрза до ограничените 250 km / h благодарение на оптималниот пренос на моќност.

Да повториме дека новиот погон на сите четири тркала за прв пат користи диференцијал на задната оска со две ламеларни спојки што дистрибуира не само движечка сила помеѓу предните и задните оски, туку и помеѓу задните тркала.

Моделот R е дизајниран со нови спортски браници, мат хромираната декорација, со црни лакови на калниците. Исто така, задниот дел е опремен со дифузер со црна боја, додека бандажите Мисано се со дијаметар од 20 инчи. Вториот крие нови сопирачки со дискови со дијаметар од 18 инчи. Лесно е да се забележи дека е преработена и шасијата, така што Tiguan сега лежи 10 mm пониско.

Внатрешноста носи спортски стил со нови седишта со интегрирани потпирачи за глава. Дигиталниот кокпит е збогатен со тркачка телеметрија во форма на лаптопи и слично. Дизајнерската ознака е видлива во неколку позиции, дури и во осветлените лајсни на праговите.

Моделот е достапен по нарачка, а цената за овој модел започнува во Германија од 58.170 евра, а во Франција купувачот мора да плати дополнителен еко-данок во износ од околу 30.000 евра, пишува Motor1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата  на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ.

Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ.

-„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ.

Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Напад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Нападот го извршил ученик

Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба.

Уапсен по бегството

По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев.

Фото:„Policja Mazowsze“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Светка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. 

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија.

„Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска.

Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек.

„Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот.

„Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска.

Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти.

„Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска.

YouTube video

Скопје, 07.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер