Најпродаваниот СУВ на Фолксваген доби нов изглед (ФОТО) - Канал 5

Најпродаваниот СУВ на Фолксваген доби нов изглед (ФОТО)

На ранг листата за продажба, го држи четвртото место во Европа по вкупна продажба, што го прави најпродаваниот SUV модел. Ќе успеат ли да го задржат тој статус?

Најпродаваниот СУВ на Фолксваген доби нов изглед (ФОТО)

Мислењата се поделени, а фотографиите во текстот се направени затоа што некои овој модел го гледаат само како модел на животен стил, особено во новото издание. Погодувате, станува збор за моделот T-Roc, кој досега беше одлично прифатен од европската публика. Моделот беше лансиран кон крајот на 2017 година и веднаш се здоби со наклонетост кај клиентите.

Сега на социјалните мрежи се шират наводни фотографии од новата генерација на моделот, добиени од инфозабавниот систем на Фолксваген. Врската со поголемиот Tiguan е јасно видлива при усвојувањето на новите дизајнерски решенија.

Посебно тоа се гледа на огромната предна решетка со хексагонални елементи, како и светлата кои минимално се разликуваат по формата. Поставени се нови светла и одзади, а страничниот поглед сугерира дека е зголемена предната настрешница, а со тоа и димензиите на автомобилот.

Позициониран помеѓу помалиот T-Cross и Tiguan, T-Roc беше еден од темелите на продажбата на Volkswagen досега. Очекувањата остануваат високи, па новиот модел ќе ја замени базата Golf 7 со онаа што се користи во најновиот Golf 8.5.

Покрај архитектурата MQB Evo, реално е да се очекува моторизација слична на онаа кај Golf. На местото на врвната верзија, може да има верзија R со 2.0 TSI мотор. Volkswagen сè уште нема потврдено plug-in верзии, ниту очекуваното зголемување на цената.

Како добра референтна точка, можеме да споменеме дека моменталната понуда се движи од 26.425 евра (1.0 TSI) до 43.113 евра (2.0 TSI DS&4M), со посебна R верзија со 300 КС со цена од 58.900 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура.

Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.

Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“.

Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот.

Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.

Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја најголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.

Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер