Најневеројатна преработка на Лада на 14 тркала (ВИДЕО)

Руските специјалци зад каналот на YouTube Garage54, чии креации често изненадуваат со оригинални решенија за дизајн, некогаш се восхитувачки.

Најновата креација е исто така една од најлудите, и носи преработка на Lada која има дури 14 тркала.

Тоа е продолжение на приказната што започнала со редизајнирање на малиот Fiat Uno, кој имал осум тркала, но и класичен погон на предните тркала. Меѓутоа, тука погонот е на задните тркала и вклучува дури шест оски наредени во еден вид пирамида. Работите не застануваат тука, така што погонскиот мотор е дизел на Тојота, преработен во бензински. Изоставиле само еден детал, а тоа е задната суспензија. Последиците од овој пропуст го чувствува возачот.Погледнете подолу како функционира системот во пракса.


„Водостопанство“ бара пари од владата за плати и одржување на каналите

Без плата, одиме на штрајк. Менаџментот толерира четири општини да не плаќаат снабдување со вода, а ние едвај крпиме месец со месец.

Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.

Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.

Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.

Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.

Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

притисни ентер