Најмалку тројца загинати во страшните поплави во Словенија - Канал 5

Најмалку тројца загинати во страшните поплави во Словенија

Делови од Словенија се под вода, по синоќинешниот пороен дожд. 

Најмалку тројца загинати во страшните поплави во Словенија

Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави кои ја зафатија Словенија. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крањ.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се прикажуваат апокалиптичните сцени по силното невреме. Во последните 12 часа пријавени се илјадници несреќи, некои области се отсечени поради лавини, во одредени места се затворени и патиштата , а властите беа приморани во најпогодените предели да го евакуираат населението. На помош пристигнаа пожарникари од 168 служби. Тамошните власти ги повикаа луѓето да останат во своите домови, каде пак повеќе од 16 000 домаќинства останаа без електрична енергија. Словенечката агенција за животна средина, издаде црвен метео аларм за североисточна, северозападна и централна Словенија.

„Речиси цела Словенија има проблеми со патниот транспорт, податоците практично се менуваат од минута во минута. Ги повикувам сите кои немаат итен пат да останат таму каде што се, бидејќи секое присуство на патот дополнително им ја отежнува работата на спасувачките тимови, кои веќе имаат проблем да стигнат до локациите каде што има потреба од спасување. Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа во овој момент ги повикувам сите кои немаат итен пат да останат дома и да не возат наоколу.“

Најголеми врнежи се случија во подрачјето на јужното подножје на Јулијанските Алпи и во близина на Горењска и Корушка. Во овие области, за 12 часа наврнаа помеѓу 100 и 200 литри на метар квадратен-количина која е карактеристична за еден месец врнежи, информираа словенечките метеролози.

Поради состојбата во соседните земји се очекува значително зголемување на реките Мура, Драва и Сава, а денеска и утре можно е да достигнат висок водостој во Хрватска, по што и таму е објавен жолт аларм. Пределот на Алпите и претходно беше погоден од неколку силни бури, кои однесоа покриви, урнаа илјадници дрвја и усмртија едно лице во Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Најмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Битола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола.

Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.

Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ

Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата.

Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар.

Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции.

Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците.

Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи.

Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината.

Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги.

Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата.

Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните.

Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер