Најмалку шест жртви во свлечиште во Кина (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалку шест жртви во свлечиште во Кина (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа во лизгање на земјиште во јужна Кина, јави денеска државната новинска агенција Синхуа, додека властите сè уште трагаат по две исчезнати лица.

Најмалку шест жртви во свлечиште во Кина (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во петокот во Лонгшенг, во провинцијата Гуангкси. Претходно овој месец, четири лица загинаа во регионот по обилни дождови.

Временските прогнози за јужна Кина предвидуваат дека најсилните врнежи годинава допрва треба да го погодат регионот, пренесе ДПА.

Метеоролошката служба ги повика жителите во делови од провинциите Гуангкси, Гуангдонг, Џиангкси, Хунан и Фуџијан да бидат особено внимателни од вторник до четврток.

Властите исто така издадоа предупредување за југозападната провинција Гуижоу, каде што минатата недела најмалку четири лица загинаа во лизгање на земјиште во селата Чангши и Гуова.

YouTube video

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули.

Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија в петок ќе ја посетата поплавената област.

притисни ентер