Најмалку десет луѓе загинаа во немирите и судирите со полицијата во Мозамбик

 Граѓаните на Мозамбик денеска повторно ќе протестираат со цел да искажат незадоволство од резултатите од претседателските избори и поради десетте жртви убиени во немирите и судирите со полицијата.

Најмалку десет луѓе починаа од прострелни рани, а 63 се повредени во задушувањето на протестите што траеја од 18 до 26 октомври.

Во заедничкото соопштение на Здружението на лекари на Мозамбик и Мозамбичкиот ред на лекари се наведува дека во поголемиот број случаи полицијата пукала за да убие.

На 24 октомври Данијел Чапо од владејачкиот Фронт за ослободување на Мозамбик е прогласен за победник на претседателските избори. Неговата партија е на власт од прогласувањето на независност Мозамбик од Португалија во 1975 година. Чапо доаѓа на местото на Филипе Њуси, кој беше претседател два мандата.

На денот на изборите, опозициските партии тврдеа дека е забележана измама, а набљудувачите од Европска Унија подоцна во својот извештај изјавија дека има нерегуларности во пребројувањето на гласовите и дека некои резултати се изменети.

Том Круз планира снимање продолжеток на еден од своите акциски филмови (ВИДЕО)

По успехот на акциониот блокбастер Top Gun: Maverick, Том Круз планира да направи продолжение на уште една акциона класика на која работеше со студиото Paramount Pictures.

Според The ​​Hollywood Reporter (THR), ѕвездата од Mission Impossible е заинтересирана за продолжение на спортскиот хит од 1990 година Days of Thunder, кој го режираше Тони Скот, покојниот брат на Ридли Скот и режисер на оригиналниот Top Gun.

Во филмот, Круз го толкуваше младиот возач на Формула 1, Кол Трикл, кој е регрутиран во тркачки тим кој се натпреварува на трките на НАСКАР. Иако му е потребно време за да се навикне на новиот болид, Кол наскоро го победува својот голем ривал Роуди Барнс (Мајкл Рукер).

Главните улоги во филмот ги толкуваа Круз, Никол Кидман, Роберт Дувал и Ренди Квејд, а во споредните улоги се појавија возачите на НАСКАР, Расти Валас, Нил Бонет и Хари Гант. Поранешните сопружници Круз и Кидман се запознале за време на снимањето, а се венчале неколку месеци по премиерата на филмот.

За разлика од Top Gun, кој беше и критички и комерцијален успех, Days of Thunder ги подели критичарите, но заработи 157 милиони долари на бокс офисот. Иако критиките не беа одлични, спортската класика Days of Thunder сè уште има многу обожаватели, вклучувајќи го и Квентин Тарантино.

Едно време, Paramount планираше да сними рестартирање на филмот, но во форма на телевизиска серија, но Круз го одби проектот во 2022 година бидејќи сакал да сними продолжение.

Инсајдер открил за THR дека студиото моментално бара сценарист за продолжението, а целиот проект зависи од тоа дали Круз ќе успее да вклопи уште еден филм во неговиот и онака напорен распоред. Имено, актерот наскоро ќе започне со снимање на нов филм на Алехандро Г.Ињариту, режисерот на Повратник, а работи и на нов филм на Даг Лиман и продолжение на Маверик, кој моментално е приоритет.

Круз ќе го гледаме следната година во најновиот дел од Mission Impossible, чија премиера ќе биде на 23 мај.

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Грчката полиција уапси 31-годишен маж, кој е осомничен за експлозијата на бомба во стан во Атина, во која загина еден маж, а една жена е тешко повредена.

Полицијата соопшти дека случајот е поврзан со герилски групи и дека експлозијата се случила при изработка на бомба, пренесе Ројтерс.

Уапсениот Грк вчера сведочеше и рече дека ги споделил клучевите од станот со парот осомничен за експлозијата, но негирал каква било вмешаност во инцидентот.

Во текот на изминатите 20 години, во Грција се појавија бројни левичарски и анархистички герилски групи кои објавија војна против сите форми на владеење, по уништувањето на групата „17 Ноември“.

Експлозии на бомби и подметнати пожари врз политичари, полицајци, судии и бизниси беа вообичаени за време на грчката должничка криза од 2009 до 2018 година.

притисни ентер