Најмалку 29 лица загинаа во свлечишта и поплави во Индонезија - Канал 5

Најмалку 29 лица загинаа во свлечишта и поплави во Индонезија

Најмалку 29 лица загинаа откако поплавите и лизгањата на земјиштето погодија седум региони и градови во индонезиската покраина Северна Суматра, соопшти денеска покраинската агенција за управување со катастрофи.

Најмалку 29 лица загинаа во свлечишта и поплави во Индонезија

Најмалку 67 лица се повредени, а девет лица сè уште се водат како исчезнати, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Уништени се повеќе од 400 куќи, неколку мостови и разни јавни инфраструктурни објекти, а повеќе од 7.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште, се вели во соопштението на индонезиските власти.

Во регионите Мандаилинг Натал, Јужен Тапанули и Северен Тапанули во Индонезија е прогласена вонредна состојба, соопшти агенцијата.

Континуираните обилни дождови од 22 до 25 ноември предизвикаа излевање на реките, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето во Централен Тапанули, Сиболга, Мандаилинг Натал, Јужен Тапанули, Северен Тапанули, Јужен Нијас и Падангсидимпуан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкции

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?

По изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде.

СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори.

Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи?

Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста.

Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање.

Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите.

Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови

За време на деветтиот ден од протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку Молотовлеви коктели кон кабинетот на премиерот на земјата, Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, објави албанскиот медиум „Еуроњуз“ (Eur

Видео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови

Молотовите коктели предизвикаа мал пожар, кој беше брзо изгаснат од дежурната противпожарна служба. Водените топови беа во подготвеност, но не беа употребени, а полицијата исто така не упати никакви повици до демонстрантите.

Демонстрациите завршија по неколку часа со марш до плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавија продолжување на протестот утре, за кога е закажана пленарна седница на владата.

Во Албанија, веќе девет дена се одржуваат протести предводени од студенти. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Премиерот на Албанија утрово се огласи преку видео на социјалните мрежи, во кое го повтори повикот за дијалог со демонстрантите.

Во видеото објавено утрово на Фејсбук – за разлика од претходниот ден, кога поканите ги стави на столици – денес тој ги постави на бетонски клупи.

Видеото е проследено со коментарот „Добро утро“.

Според локалните медиуми, денес се очекува уште еден напнат ден во Тирана, бидејќи студенти и граѓани најавија нов собир пред албанскиот парламент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дипломатијата без конкретен напредок кон мир во Украина

По разговорите во Осло и Санкт Петербург, останува неизвесно дали војната во Украина е поблиску до крај.

Дипломатијата без конкретен напредок кон мир во Украина

Средбите меѓу Зеленски, американскиот пратеник Стив Виткоф и европските претставници беа оценети како конструктивни.

Во Осло беше разгледана можноста за трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски.

Сепак, Москва засега не покажува подготвеност за средба на највисоко ниво. Кремљ најави можност за продолжување на разговорите во Абу Даби следниот месец.

Но, тие би се одржале на техничко, а не на лидерско ниво. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, оцени дека разговорите во Осло не донеле многу корисни предлози.

Американскиот пратеник Виткоф порача дека останува уште значајна работа за постигнување договор.во меѓувреме, Украина се соочува со сериозен притисок врз воздушната одбрана.Претстојната зима дополнително ја зголемува загриженоста за состојбата во земјата.Се разгледува и можноста за средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг во Кина.

Засега нема конкретни показатели дека договорот за завршување на војната е на дофат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер