Најкритичните повредени во пожарот во Кочани, веќе се сместени во болниците во соседството - Канал 5

Најкритичните повредени во пожарот во Кочани, веќе се сместени во болниците во соседството

Пациентите кои се во најкритична состојба од пожарот во Кочани веќе се сместени во болниците во соседните држави... 

Најкритичните повредени во пожарот во Кочани, веќе се сместени во болниците во соседството

Со сериозни изгореници на телото, најчесто на горните екстремитети и лицето, но и оштетувања на горните и долни дишни патишта, 50-ина најкритични пацинети повредени во пожарот во Кочани, веќе се сместени во болниците во соседството.

Србија прими 17 пациенти во четири болници. Со воен авион во белградскиот клинички центар и Воената медицинска академија се пренесени 12 пациенти, додека со воени амбулантни возила две болници во Ниш се пренесени уште двајца. Српскиот претседател Александар Вучик во придружба на министерот за здравство Златибор Лончар, ги посети поврдените кои се сместени во Кличничкиот центар во Белград, каде им посака брзо закрепнување, посочувајќи дека трагедијата е огромна.

„Ќе пристигнат уште 12 пациенти, ги имаме и во ВМА и во Клиничкиот центар во Ниш, уште 12 пациенти ќе пристигнат во Србија, што значи 29 вкупно ќе прими Србија. Мислам дека се подразбира дека за нас трагедијата во Кочани е како трагедија кај нас.“

14-мина пациенти се лекуваат во соседна Бугарија, шестмина во воената болница во Варна, неколкумина во Пловдив, а најголем дел, 8 мина се згрижени во болницата Пирогов во Софија. Според директорот на болницата состојбата на сите пациенти е тешка.

„Три деца се под 18 годишна возраст – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите пациенти е тешка. Тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план. Сите пациенти биле донесени во тешка состојба со повреди на горните и долни дишни патиша, што е сериозна закана за организмот.“

Покрај Бугарија и Србија, петтмина пациенти се пренесени и во Грција, а деветмина Анкара и Истанбул во Турција.

Од петтмината пациенти кои се сместени во воентата болница во Солун и болницата Папаниколау, двајца веќе се оперирани, додека според информациите на други двајца им била извршена трахеотомија.

„Станува збор за две девојчиња и едно момче кои вчера попладне пристигнаа во болница. Два пациенти беа веднаш однесени на операција, додека третиот беше третиран во одделението за изгореници....“

Пациенти примија и Унгарија и Литвалнија, а според најавите, уште 10-тина ќе да бидат испратени на лекување во Словенија, Хрватска и Австрија. Голем број македонски граѓани кои живеат или работат во соседните држави каде има хоспитализирани лица, преку социјалните мрежи нудат помош и бесплатно сместување за семејствата на повредените.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

 Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy's) којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).

По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси.

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја информираат јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

притисни ентер