Најгрдиот автомобил на светот, според „златниот пресек“ - Канал 5

Најгрдиот автомобил на светот, според „златниот пресек“

Компанијата „Ванарама“ од Велика Британија спроведе истражување, па со помош на математиката, науката и древниот „златен пресек“ се обиде да открие кој е најгрдиот автомобил на светот.

Најгрдиот автомобил на светот, според „златниот пресек“

Истражувањето ги анализирало пропорциите на 50 модели на автомобили, земајќи ги предвид димензиите како меѓуосно растојание, должина и др., како и клучните карактеристики на дизајнот - на пр. положбата на светлата, знаците. Секој автомобил бил оценет од 1 до 100 поени според два клучни дизајнерски фактори - вкупните димензии на возилото и визуелната пропорција, во однос на тоа како облиците се перцепираат со голо око.

„Златниот пресек“ го посочува односот што човековите очи го препознаваат како најхармоничен. Така, највисоки оценки добија моделите што се најблиску до златниот сооднос.

Од друга страна, пак, „Киа пиканто“ освоил само седум поени (од 100), бидејќи, според луѓето кои ги анализирале резултатите од истражувањето, тој е најоддалечен од златниот пресек и затоа е „најмалку пријатен“ за човечкото око.

Податоците за продажбата, сепак, кажуваат поинаку...

На второто место е „Ситроен Ц-1“ со 12 поени, а трета е „Киа спортејџ“ со собрани само 15 поени.

Според овие критериуми на убавина на возилата, брендот „Киа“ има најлоши просечни оценки. Автомобилите од јужнокорејскиот производител имаат, во просек, 11 поени во ова истражување, „Ленд ровер“ е втор со просечни 18 поени, а трет е „Фиат“ со просек од 22 поени.

На другата страна на листата, „Ауди А-3“, „Фолксваген голф“ и „Опел мока“ се најубави возила. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – празник кој потсетува на стремежот за слобода, самостојност и државност. 

Македонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден во 1893 година, во Солун, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, чија борба подоцна ќе го достигне својот врв со Илинденското востание во 1903 година.

Почетоците на организираното револуционерно движење се поврзуваат со група македонски интелектуалци, кои во сложени историски околности решиле да преминат од зборови на дела.

„На овој ден кога ја основаа организацијата, ја основаа македонските интелектуалци – револуционери: Даме Груев професор, Христо Татарчев лекар, Иван Хаџиниколов книжар, Петар Поп Арсов професор... Овие високи македонски интелектуалци се определиле на дејствување и историското значење на овој ден е затоашто го означува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ, за ослободување и за своја држава. Она што треба да се нагласи дека после овој ден кој го празнуваме како празник се поставува основата за продолжување на борбата, по кој следува Илинден 1903 како втор голем македонски национален празник..“

Според професорот Миновски, доколку организацијата не ги поставела темелите и програмата за создавање сопствена држава, понатамошната борба за ослободување на македонскиот народ ќе била многу потешка.

По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека историските идеали денес треба да се преточат во чесна работа, праведност и реформи за просперитетна држава.

Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој повика на единство, меѓусебно почитување и заедничка одговорност за градење демократско и стабилно општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво и почитувано.

Во чест на македонските револуционери, денес се положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод е погоден со дронови на 25 километри од брегот на Романија- има загинати и исчезнати (ВИДЕО)

Романските власти најавија операција за пребарување и спасување во Црното Море откако избувна пожар на товарен брод. 

Брод е погоден со дронови на 25 километри од брегот на Романија- има загинати и исчезнати (ВИДЕО)

Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати. Властите не соопштија што го предизвикало пожарот на бродот, но неколку локални медиуми објавија дека бил погоден од беспилотни летала.

Според Романската поморска администрација, инцидентот се случил околу 13 наутички милји источно од пристанишниот град Констанца и бил пријавен околу 10 часот по локално време. Екипажот на бродот се состоел од десет украински и тројца азербејџански државјани.

„Најновиот инцидент со брод во Црното Море е дел од руската ескалација во регионот“, рече романскиот претседател Никушор Дан.

10 лица спасени од близок трговски брод

Министерството за внатрешни работи соопшти дека граничната полиција добила извештај од Поморскиот координативен центар за пожар на трговски брод кој „претрпел сериозна штета и се превртел, со непосреден ризик од потонување“. Видеото што го споделил поранешниот советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, покажува дека бродот е пред потонување.

„Од 13-те лица на бродот, десет беа спасени од друг трговски брод што беше во близина. Девет лица се живи, а едно почина. Три лица сè уште се водат како исчезнати“, се вели во соопштението на министерството.

Романската поморска администрација го идентификуваше бродот како товарен брод „Хорив“, кој пловеше под знамето на Коморите. Според податоците од веб-страницата MarineTraffic, која го следи морскиот сообраќај, бродот исплови од Турција на 21 октомври и се упати кон романското пристаниште Сулина.

„Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преостанатите тројца членови на екипажот“, потврди поморската администрација. Таа додаде дека поради неповолните временски услови и слабата видливост, не било можно да се изнајми хеликоптер.

Страв од ширење на војната

Инцидентот следува по серија напади со беспилотни летала врз најмалку седум товарни бродови покрај бреговите на земјите-членки на НАТО, Романија и Бугарија, во текот на октомври. Нападите ги поттикнаа стравувањата дека војната на Русија во Украина се шири во соседните области на Црното Море.

Неодамнешните напади во ексклузивните економски зони на двете земји се закануваат на важна меѓународна морска рута. Две лица загинаа во нив, а најмалку 25 лица сè уште се водат како исчезнати.

Во саботата, романските пилоти, ангажирани во задачи за надзор на воздушниот простор, соборија два дрона во романските територијални води на Црното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горивата во Европа уриваат рекорди- дизелот и бензинот поскапеа и до 42%

Цените на горивата и мазивата за патнички автомобили во Европската Унија во септември беа за 31,4 проценти повисоки отколку во истиот месец во 2025 година, објави Евростат.

Горивата во Европа уриваат рекорди- дизелот и бензинот поскапеа и до 42%

Растот на цените се забрзува од месец во месец. За споредба, зголемувањето на годишно ниво во јули изнесуваше 16,9 проценти, додека во август достигна 23,8 проценти. Според Европската статистичка служба, растот во септември беше поголем отколку во јули и август во дури 26 земји-членки на ЕУ (во споредба со 2025 година), објави Кликс.

Најголем скок во три европски земји

Во споредба со септември минатата година, цените на горивата скокнаа за повеќе од 40 проценти во три земји:

• Бугарија: 42,2%

• Естонија: 40,6%

• Литванија: 40,2%

Уште 12 земји-членки забележаа раст од повеќе од 30 проценти - од 37,5 проценти во Чешка до 30,3 проценти во Португалија. Од друга страна, најмал годишен пораст е забележан во Унгарија (6,9%), по што следат Ирска (17,7%) и Шведска (19,9%).

Месечно зголемување на цените на дизелот и бензинот

На месечна основа (септември во споредба со август), цените на дизелот во ЕУ се зголемија во просек за 5,9%, а цените на бензинот за 6,7%. Еден месец претходно, цените на дизелот се зголемија за 8,3% во споредба со јули, додека цените на бензинот се зголемија за 3,3%.

Дизел: Цените се зголемија во 26 земји помеѓу август и септември. Најголеми зголемувања се забележани во Шведска (12,8%), Латвија (10,3%) и Полска (9,7%), а најниски во Шпанија (2,4%), Хрватска (2,5%) и Романија (3%).

Бензин: Зголемувања се забележани и во 26 земји-членки. Највисок месечен раст е забележан во Шведска (13,8%), Полска (9,7%) и Естонија (9,5%), додека најнизок е во Кипар (3,8%), Романија (4,2%) и Словенија (4,6%).

Немаше промена само во Малта, каде што цените на дизелот и бензинот се фиксни од 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер