Најголемиот Сеат доби нова верзија со 150 коњски сили - Канал 5

Најголемиот Сеат доби нова верзија со 150 коњски сили

Сеат ја надополни својата понуда за својот модел „Tarraco“ со нова верзија со 1.5 литарски турбо-бензин мотор, „DSG“  менувач и преден погон.

Најголемиот Сеат доби нова верзија со 150 коњски сили

„Tarraco“ претходно не можеше да се купи во комбинација со споменатиот бензински агрегат, преден погон и автоматски менувач, па овој недостаток во понудата е сега исправен.

Турбо-бензинскито агрегат од 1.5 литри испорачува 150 коњски сили што е доволно да овој автомобил од 0 до 100 км/ч забрза за 9,5 секунди и да достигне максимални 198 км/ч.

Купувачите ќе можат да го нарачаат овој модел во два на опременост, како и во опции од 5 или 7 седишта.

Набрзо по лансирањето на оваа верзија на „Tarraco“, на пазарот ќе се појави и „FR“ верзија, но и плаг-ин хибрид опција, која во продажните салони ќе пристигне во втората половина од 2020.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фрчкоски: AKT објави нова бомба: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Додека владата на Мицкоски трупа нови долгови - 4 милијарди евра на грбот на народот, спроведува криминални тендери на најјако.

Фрчкоски: AKT објави нова бомба: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал.

Да видат граѓаните, дека дигитална трансформација на министерот Стефан Адноновски е всушност трансформирање на тендери!

Фирмите се трансформираат ама актерите и шемите остануваат исти.

А парите? Е парите најмногу се трансформираат, од илјадници во милиони евра.

АКТ ги фати на дело.

Ова е продолжение на скандалот кој веќе го објавивме – тоа се тендерите на фирмата „Матео Дизајн“, на сопругот на државната секретарка Клинчарова, Мартин Клинчаров вредни 50 илјади евра.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за овој случај, и тука застана.

ДКСК застана ама АКТ не застанува.

Затоа што и тендерите во Министерството за дигитална трансформација не застануваат.

АКТ денеска обелоденува како оваа семејно-тендерска мрежа не само што продолжила, туку драматично се покачила, во вредност, во пари.

1,5 милиони евра!

Да добро ме слушнавте, 1,5 милиони евра, народни пари.

Бидејќи директното доделување на државни пари кон сопругот на Клинчарова станало премногу ризично по отворањето на првата афера, екипата вовела новитет.

Андоновски склучува три нови милионски договори со фирмата „Нома систем солушнс“, подружница во Скопје.

Станува збор за тендери за одржување на Системот за управување со документи вреден, софтвер за регистар на имот и софтвер за испити.

1,5 милиони евра.

Клучното прашање е кој стои зад оваа фирма?

Како управител на фирмата се јавува извесен Владимир Симовски.

Истиот тој Владимир Симовски е поранешен директен бизнис партнер и косопственик токму со Мартин Клинчаров (сопругот на државната секретарка) во фирмата „СВАГ ФУД ДОО Скопје“.

За скандалот да биде уште поочигледен, сопственички удел во оваа компанија има и фирмата „Матео Дизајн“, која е во сопственост токму на сопругот на Клинчарова.

Трансформацијата во министерството на Адноновски кон „Нома солушнс“ и партнерот на Клинчаров е со една и единствена цел – да продолжат семејно-тендерските врски и да се испумпаат државните пари кон луѓе блиски.

А сето тоа да се сокрие од очите на јавноста по избувнувањето на првиот скандал!

Нема криење од АКТ нема бегање од одговорност.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Откако заспавте и сѐ уште не го затворивте првичниот предмет кој го оформивте пред повеќе од една година, еве ви идеална прилика истиот да го дополните со овие факти и докази!

Бараме итно проширување на истрагата, и следење на секој денар кој се слева на сметките на овие поврзани субјекти.

А од министерот Андоновски, кој дозволи неговото министерство да функционира како затворен семејно-деловен круг, граѓаните не очекуваат извинувања – туку итна и оставка и одговорност!

А одговорност ќе има!

YouTube video

Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градскиот воз е реалност

Огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани за побрз, поевтин и поефикасен јавен превоз.

Николоски: Градскиот воз е реалност

Со симболичното патување на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје денеска официјално беше пуштена во функција првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, градоначалникот на Град Скопје и дел од скопските градоначалници.

Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека ова е почеток на реализацијата на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина.

“Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти и е уште поголем доказ, дека нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, еве после две години се враќа во превоз. Ако пред две години имавме напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и се распаѓаа, возови кои што не работеа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве денеска после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера веќе имаме и градски воз”- истакна Николоски.

Тој посочи дека Владата го исполни ветувањето дека првата фаза од градскиот воз ќе започне на 1. септември и порала што повеќе граѓани и млади да го користат во секојдневието.

“Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние”- рече заменик претседателот на Владата.

Николоски на крајот упати благодарност до премиерот Мицкоски, посочувајќи дека реализацијата на вакви проекти значи и реализација на идејата на првиот човек на државата, а тоа е Македонија да стане инфраструктурна крстосница на Балканот.

“Со реализацијата на Коридорите 8 и 10 и со реализацијата на вакви проекти, Македонија навистина станува раскрница на Балканот”- потенцираше вицепремиерот Александар Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор

Тошковски нагласи дека организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран затворски проблем.

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалната конференција „Организиран криминал во затвори: Зајакнување на интегритетот, разузнавањето и соработката во Југоисточна Европа“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која учествуваат претставници на релевантни институции и експерти од земјите од регионот.

Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека организираниот криминал во казнено-поправните установи не смее да се третира како изолиран затворски проблем, бидејќи криминалните структури можат да продолжат да комуницираат, да влијаат и да ги одржуваат своите мрежи и по лишувањето од слобода, со последици врз интегритетот на институциите и ефикасноста на целиот систем на кривична правда.

„Мораме отворено да ги препознаваме ранливостите. Пренатрупаноста, начинот на примена на притворот, недоволно развиените алтернативи, ризикот од регрутирање на ранливи лица и можноста за коруптивно влијание создаваат простор кој криминалните структури го искористуваат. Истовремено, притисоците, заплашувањето и корупцијата можат директно да го нарушат интегритетот и отпорноста на затворскиот персонал. Овие предизвици се реални и не смееме да ги потцениме“, истакна Тошковски.

Министерот потенцираше дека интегритетот мора да биде една од темелните точки во справувањето со овој вид криминал, преку јасни професионални стандарди, одговорно раководење, ефикасни механизми за проверка и спречување на корупцијата, како и институционална поддршка за службениците да можат да се спротивстават на притисоците и влијанијата.

Како особено значаен сегмент го издвои и разузнавањето во казнено-поправните установи, нагласувајќи дека навременото препознавање на ризиците бара квалитетни информации, добра анализа и ефикасна размена на информации меѓу затворските служби, полицијата, обвинителството и другите надлежни институции.

„Ниту една од овие мерки не може да даде целосен резултат без соработка. Од превенцијата и истрагата, преку обвинението и судењето, до извршувањето на санкцијата – институциите мора да гледаат на криминалот како на заеднички предизвик. Само преку координирани оперативни механизми, ефикасна размена на информации, заеднички обуки и јасни процедури за заштита на интегритетот можеме да изградиме отпорни институции кои ќе ги штитат и безбедноста и човековите права“, порача Тошковски.

Осврнувајќи се на регионалната димензија, министерот посочи дека транснационалните криминални мрежи, коруптивните ризици, притисоците врз вработените и недостатокот на ефикасна размена на разузнавачки информации се предизвици кои не познаваат граници и затоа бараат координиран, интегриран и долгорочен пристап.

Тошковски ја поздрави иницијативата и улогата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во поттикнувањето на регионалниот дијалог и создавањето платформа за практична соработка и размена на искуства меѓу институциите и експертите.

На крајот, министерот истакна дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на продлабочување на соработката со партнерите во регионот и размената на искуства и добри практики, со цел градење посилни институции, побезбедни казнено-поправни установи и поефикасен и поотпорен систем на кривична правда во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер