АвтомобилизамНајголемиот Опел во нова верзија за 2020 (ФОТО)Златното време на Opel помина, па гигантот од Риселхајм го побара своето место под сонцето под француска закрила.И тоа е очигледно добро затоа што деловните резултати стануваат се подобри, а гамата производи е темелно обновена. И така, решија Инсигнија, скоро три години по лансирањето да биде моделот со нмова верзија за 2020 . Сега надворешниот дизајн е освежен со детали како што се нови браници или помодерни светла со технологија за IntelliLux LED. Гледањето во кабината сè уште не е дозволено, но веројатно носи подобрена инфозабава и поквалитетни материјали. Исто така, не е познато какви измени се направени на моторот и на техничките подобрувања. Премиерата е закажана за јануари на Саемот за автомобили во Брисел , каде ќе биде познато се во врска со подобрените перформанси на Инсигнија 2020. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоцијата на „Градски воз“ од Зелениково до железничката станицаПремиерот, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалната промоција на проектот „Градски воз“, најавија од владата.Според планираното, присутните симболично ќе го означат почетокот на проектот „Градски воз“ со патување со воз од железничката станица Зелениково до железничката станица Скопје. Сообраќајот на оваа релација ќе се одвива со три воза, кои ќе сообраќаат по точно утврден ред на возење подготвен од страна на „Македонски железници – транспорт“. За потребите на проектот, ЈП „Македонски железници – инфраструктура“ изврши целосна реконструкција на пругата, со што е подигнато нивото на безбедност и е зголемен капацитетот за брзина на возовите. Ова е првата од трите предвидени линии и таа тргнува од Зелениково и застанува на станици во Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево, Лисиче и последната на железничката станица.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаСвечено отворено Светското првенство во крапски риболов 2026Вчера во Маврово свечено беше отворено Светското првенство во крапски риболов 2026, во организација на Македонската Риболовна Федерација.На првенството учествуваат репрезентации од 33 држави, што го прави еден од најголемите меѓународни спортски настани од овој тип организирани во Македонија. Натпреварувачкиот дел ќе се одржува на Мавровското Езеро од 2 до 5 септември, а свеченото затворање и доделувањето на медалите е предвидено за 5 септември. Ова е прво Светско првенство во риболов што се организира во Македонија и претставува значаен настан како за македонскиот спортски риболов, така и за промоцијата на Маврово и Македонија како домаќини на големи меѓународни спортски настани.Тагови: риболов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош доделува стипендии за талентирани млади ученици - спортисти од VIII и IX одделениеОпштина Карпош објави јавен оглас за доделување стипендии за талентирани спортисти, жители на општината, кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат ученици во VIII или IX одделение. Со оваа мерка Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво. Право на стипендија имаат ученици кои се жители на Општина Карпош и ќе можат да достават потврда од училиштето дека во учебната 2026/2027 година ќе бидат запишани во VIII или IX одделение. Кој може да добие стипендија? Кандидатите треба да имаат остварено индивидуални спортски резултати во периодот од 1 септември 2025 до 31 август 2026 година, потврдени од матичната национална спортска федерација и усогласени со нејзиниот календар на натпревари. Според огласот, предвидени се две категории. Прва категорија, за која стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, опфаќа спортисти кои: освоиле прво место на официјално национално првенство, односно се национални прваци во индивидуална конкуренција; добиле награда за индивидуално постигнување, како што се национален рекорд, најдобар играч, најдобар поентер, голгетер, талент и слично; се репрезентативци на Македонија и имаат учествувано најмалку на еден репрезентативен натпревар, при што потребно е да се наведе кога, каде и против кој противник се одиграл натпреварот и да се достави соодветен доказ – записник, билтен или друг документ. Втора категорија, со стипендија од 3.000 денари месечно, ги опфаќа спортистите кои освоиле индивидуално второ место на официјално национално првенство. Други спортски успеси и резултати, кои не се опфатени со наведените критериуми, нема да бидат земени предвид при рангирањето. Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци во текот на учебната година. Што треба да достават кандидатите? За учество на огласот потребно е да се достават: биографија на спортистот, потврда од клубот дека спортистот е негов член, фотокопија од спортска легитимација, важечки документ од матичната национална федерација со потврда за остварените спортски успеси и резултати, контакт телефон и е-mail адреса, како и трансакциска сметка. Документите се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Карпош, на улица „Никола Русински“ бр. 11 – Скопје, со назнака: „За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение“. Крајниот рок за доставување на документите е 21 септември 2026 година. Напоменуваме дека некомплетните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани. Важни напомени Еден кандидат од Општина Карпош може да оствари право само на една стипендија – спорт или образование. Исто така, доколку спортистот веќе добил еднократна парична помош од областа на спортот и спортската рекреација од Општина Карпош, неговото барање за стипендија за талентирани спортисти за учебната 2026/2027 година нема да биде разгледувано и одобрено. Барањето, односно предметот, треба да го поднесе родител или законски старател. Со оваа стипендиска програма, младите спортисти од Карпош добиваат дополнителна можност за финансиска поддршка и поттик за продолжување на спортскиот развој и постигнување уште подобри резултати. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27